Гасниот интерконектор значи слобода, изјави Урсула фон дер Лајен

Конекторот меѓу Бугарија и Грција ќе ја намали зависноста на цела Југоисточна Европа од рускиот гас, нагласи претседартелкста на Европската комисија


 

Гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија значи слобода од руската зависност, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на церемонијата на официјалното започнување на комерцијалните операции на врската во Софија.

Според неа, проектот е нова ера за Бугарија и за Југоисточна Европа, бидејќи ќе овозможи проток на гас од други извори освен Русија.

„Бугарија порано добиваше 80% од гасот од Русија, но по почетокот на страшната војна во Украина и енергетската војна против Европа. Овој проект ја менува играта за Бугарија и за европската енергетска безбедност. Тоа значи слобода, слобода од зависноста од рускиот гас“, нагласи Фон дер Лајен, додавајќи дека преку интерконекторот може да се транспортира доволно гас за да се покријат сите национални потреби на Бугарија.

Фон дер Лајен потсети дека проектот бил на маса за реализација од 2009 година, кога „Бугарија беше силно погодена“ од одлуката на „Гаспром“ да го намали гасот преку Украина, што доведе до екстремно сурови студени денови на почетокот на јануари за Бугарите, особено во големите градови.

„Потребна беше голема одлучност за да се постигне целта“, рече Фон дер Лејен, заблагодарувајќи им се на градителите и на „серијата бугарски и грчки влади“ што ја овозможија гасната врска.

Таа изјави дека ЕУ од самиот почеток ја поддржала реализацијата на проектот и политички и финансиски со вкупно околу 250 милиони евра.

Претседателката на Европската комисија посочи дека благодарение на проектите како бугарско-грчкиот, Европа ќе има доволно гас за зимата. Таа потсети дека ЕУ се сврте кон алтернативни добавувачи на гас, како што се Азербејџан, Норвешка и Алжир и ги обврза земјите да обезбедат резерви со полнење на нивните складишта за гас, а истовремено да продолжат да инвестираат во обновливи извори на енергија.

„Европа има сè што ѝ треба за да се ослободи од зависноста од Русија и сè што ѝ треба е политичка волја“, рече претседателката на Европската комисија.

Велејќи дека Европа е на крстопат поради сериозната енергетска криза, Дон дер Лајен рече дека на ЕУ ѝ е потребен заеднички пристап за да се овозможи намалување на трошоците за енергија за домаќинствата и бизнисите.

Таа нагласи дека „силата на ЕУ е во заедницата“ и дека „без заедничка европска определба и решенија ни се заканува фрагментација и слабеење“.

Таа увери дека следната недела европските лидери, кои ќе се состанат во Прага, ќе разговараат за повеќе опции за компензација за проблемите што произлегуваат од енергетската криза, кои ја „слабуваат нашата економија“.