Мицкоски преку Фејсбук го кани Фатмир Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ


Фото: Б. Грданоски

 

Откако премиерот Димитар Ковачевски ја одби понудата на лидерот на опозицијата за средба околу енергетската криза, деннеска Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук го покани вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи,  на средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност.

Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време.

Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на кој било член на Владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на состанок в недела (2 октомври) во 12 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“, напиша Мицкоски.