„Гаспром“ ги прекина сите испораки на гас за Италија


Италијанската мултинационална компанија за нафта и гас „Ени“ соопшти дека рускиот енергетски гигант ја информирал дека „не е во можност да ги потврди количините на гас што се бараат за денес, наведувајќи дека не е можно да се снабдува гас преку Австрија. Затоа, денешните испораки на руски гас до ‘Ени‘ преку влезната точка на Тарвизио ќе биде нула“.

Рускиот гас стигнува до Италија преку Трансавстриската гасоводна мрежа што се протега од словачката/австриската граница до австриско/италијанската граница.

Околу 10% од италијанскиот увоз на гас потекнува од Русија, што е намалување од околу 40% пред Русија да ја нападне Украина во февруари.