МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите


Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11.00 до 12.00 часот   биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат. -Во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. околу 11:05 пријавил дека …

МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите Read More »

Целиот остров Тенерифе остана без струја


Целиот шпански остров Тенерифе остана без електрична енергија поради што се погодени околу 950.000 домаќинства. Хаваријата се случи околу 9:45 по локално време. Причините за несреќата се уште се познати. Најголемиот од Канарските Острови остана без електрична енергија вторпат во една година, по слично големо прекинување на електричната енергија во септември 2019 година.

Конте: Во ЕУ или сите ќе добијат или ќе изгубат


Или Европската унија ќе победи во целост или целосно ќе изгуби од предложениот Фонд за обновува од пандемијата на коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте. – Денес во ЕУ или сите ќе победиме или сите заедно ќе изгубиме, рече Конте во италијанскиот Парламент, по повод конфликтот меѓу земјите од јужна и северна Европа пред …

Конте: Во ЕУ или сите ќе добијат или ќе изгубат Read More »

Медицинска сестра од Битолската болница позитивна на Ковид-19


Медицинска сестра од одделот за Педијатрија во Клиничката болница Битола е новодијагностициран случај на Ковид-19 во Битола. Таа според официјални информации од Битолската болница се заразила надвор од работното место, а поради контакт со своите колеги дел од нив се во изолација. „Нашата вработена се заразила од веќе познат случај, надвор од работното место. Во …

Медицинска сестра од Битолската болница позитивна на Ковид-19 Read More »

Судот на ЕУ ја поништи одлуката „Епл“ да биде оданочен со 13 милијарди евра во ирска


Ова е огромен пораз за моќната еврокомесарка Маргрет Вестагер, судиите ја отфрлија нејзината одлука за државната помош за 2016 година   Генералниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека Европската комисија незаконски ѝ наложила на Ирска да добие назад 13 милијарди евра неплатени даноци, плус камата од „Епл“. Судиите ја поништија одлуката за 2016 година …

Судот на ЕУ ја поништи одлуката „Епл“ да биде оданочен со 13 милијарди евра во ирска Read More »

Крај на „лесни“ кредити во еврозоната – банките најавуваат построги услови во третиот квартал


Компаниите од еврозоната релативно лесно добиваа заеми во вториот квартал благодарение на владините гаранции, но банките очекуваат да ги затегнат условите за позајмување во третиот квартал, покажува истражувањето на Европската централна банка. Корона кризата стави под клуч голем дел од економијата во еврозоната, па компаниите повеќе се потпираа на банкарските заеми за да останат ликвидни, …

Крај на „лесни“ кредити во еврозоната – банките најавуваат построги услови во третиот квартал Read More »

Поради долгови хрватските веледрогерии нема да испорачуваат лекови во болниците


Хрватските веледрогерии најавија дека од понеделник ќе ја стопираат испораката на лекови и потрошен материјал во болниците поради долгови, кои во моментов изнесуваат 4,2 милијарди куни. „Акумулираните долгови на здравството претставуваат најголема закана за стабилноста на трговците на големо. Најновите податоци на хрватската Стопанска комора покажуваат дека вкупните долгови на болниците кон 40 веледрогерии, членови …

Поради долгови хрватските веледрогерии нема да испорачуваат лекови во болниците Read More »

Во Албанија бројот на починати од Ковид-19 надмина 100 лица, меѓу нив и 21-годишна девојка


Во последното деноноќие во Албанија како последица од Ковид-19 починале четири лица, меѓу нив и 21-годишна девојка,што е најмладо починато лице од опасниот вирус до сега,информираше Министертвото за здравство и социјална заштита. Таа била хоспитализирана на Инфективната клиника,пред неколку дена, но состојбата веднаш и се влошила. И покрај максималните напори на медицинскиот персонал, младата жена …

Во Албанија бројот на починати од Ковид-19 надмина 100 лица, меѓу нив и 21-годишна девојка Read More »

Битолчанка наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија


Битолчанка денеска излегла на гласање но наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија. На избирачкото место бр. 102 во ОУ „Елпида Караманди“ битолчанката со право на глас се решила да го поништи своето гласачко ливче, токму на ваков начин велат од ОИК Битола. „Жената имала психички проблеми, влегла да гласа, дадено ѝ е …

Битолчанка наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија Read More »

Во Хрватска се повеќе заболени, денеска 92


  Бројот на новозаболени во Хрватска денеска изнесува 92, со што вкупниот број се искачи на 3.953, од кои активни се 1.204, а оздравени 2.639. Тестирани се вкупно 97.424 примероци, од кои 1.804 во последните 24 часа. Денеска нема починати. „Бројката е поголема од вчера, но имаме големи жаришта“, рече Крунослав Цапак, директорот на ИЈЗ. …

Во Хрватска се повеќе заболени, денеска 92 Read More »

Излезноста до 13 часот е за 10 отсто помала од 2016 година


Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на денешните парламентарни избори во 13 часот е помала за 10,22 отсто во однос на изборите во декември 2016 година. На овие избори излезноста до 13 часот е 24,61 отсто, додека во 2016 таа била 34,83 проценти. Сегашнава излезност е помала и од вториот круг на претседателските …

Излезноста до 13 часот е за 10 отсто помала од 2016 година Read More »

ЦИВИЛ: Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно


Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно, без посебни инциденти или поголеми проблеми во гласањето. Граѓаните се забележува дека излегуваат на гласање. Одѕивот е прилично солиден, рече денеска на прес-конференција претседателот на невладината организација ЦИВИЛ Џабир Дерала. Забележани се, вели, помали нерегуларности низ целата држава. Дерала информира дека во избирачкото место 2920 во ОУ …

ЦИВИЛ: Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно Read More »

Аирбнб повторно со пораст на резервациите


Онлајн платформата за резервации за сместување Аирбнб соопшти дека на 8 јули се регистрирани еден милион резервации ширум светот, со што повторно е достигнато претпандемичното ниво.„Голем дел од резервациите се поврзани со патувања што ќе започнат на 7 август или пред тој датум“, се наведува во соопштението на Аирбнб . Порастот на резервациите го појаснуваат со потиснатата …

Аирбнб повторно со пораст на резервациите Read More »

Инспектори на терен трагаат кој го загади Вардар


Екипите на Инспекторатот на Град Скопје излегоа на терен, откако утрово водата на Вардар стана кафеава. Се испитува кој е виновен за промената на бојата на реката, а ако станува збро за ист загадувач, казните ќе бидат многу поригорозни, најавија од инспекторатот. – Екипите се на терен. Во тек е инспекцискиот надзор. Се земаат мостри …

Инспектори на терен трагаат кој го загади Вардар Read More »

Избирачки одбори во Битола и Ресен имаат проблеми со апликацијата за излезноста на гласачите


БИТОЛА – Избирачки одбори од Битола и Ресен имаа проблеми со апликацијата во која треба да ги внесуваат гласовите, па сега општинските изборни комисии во овие два града, рачно и по телефон ги внесуваат податоци со што е забавен процесот за покажување на излезноста на гласачите на време. Оваа година беше воведена новина со која …

Избирачки одбори во Битола и Ресен имаат проблеми со апликацијата за излезноста на гласачите Read More »

ДИК: Излезноста до 13 часот 23,81 отсто


До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција. Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во …

ДИК: Излезноста до 13 часот 23,81 отсто Read More »

Производството во еврозоната во мај порасна за 12,4 отсто во однос на април, но е помало за 20,9 отсто од мај лани


Слични се и состојбите во ЕУ во целина, во мај во споредба со април индустријата произведе за 11,4 отсто повеќе, но во однос на истиот месец 2019, производсството е помало за 20,5 отсто   Во мај 2020 година, кога земјите-членки на Европската унија почнаа да ги олеснуваат мерките за ограничување поради КОВИД-19, сезонски прилагоденото индустриско …

Производството во еврозоната во мај порасна за 12,4 отсто во однос на април, но е помало за 20,9 отсто од мај лани Read More »

Во Србија задолжително носење заштитни маски на отворено


Србија– Носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб. Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на сите други јавни места на отворено. Заштитни маски се задолжителни и на …

Во Србија задолжително носење заштитни маски на отворено Read More »

(Видео) Прес-конференција на ДИК


Државната изборна комисија ја одржува третата прес-конференција на која ќе биде соопштена излезноста на предвремените парламентарни избори со пресек до 13 часот.

Пандемијата тешко го погоди Берлин – за угостителите состојбата е катастрофална


На влезните врати од легендарниот Бергаин, место по кое копнее меѓународната заедница за забава, напишано е со спреј „Животите на црнците се важни“. Откако во март, берлинската сенаторка за здравство, Дилек Калајци соопшти дека „не е веќе време за забави“, во клубот веќе не влегоа  гости. До крајот на годината сигурно нема да има многу …

Пандемијата тешко го погоди Берлин – за угостителите состојбата е катастрофална Read More »