Конте: Во ЕУ или сите ќе добијат или ќе изгубат


Или Европската унија ќе победи во целост или целосно ќе изгуби од предложениот Фонд за обновува од пандемијата на коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Денес во ЕУ или сите ќе победиме или сите заедно ќе изгубиме, рече Конте во италијанскиот Парламент, по повод конфликтот меѓу земјите од јужна и северна Европа пред самитот на ЕУ за тоа прашање.

Според Конте, Италија нема да прифати „нејасен компромис“ за новиот фонд.

Италијанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да понуди решенија, а не илузии и стравови.

Европската комисија предложи Фонд за закрепнување од 750 милијарди евра, од кои повеќе би биле грантови отколку кредити.

Земјите што се против тој формат, пред се Германија и Холандија, веруваат дека не треба да се за да се постигне договор и како што се наведува, Италија сака преговори меѓу двете групи земји.