Излезноста до 13 часот е за 10 отсто помала од 2016 година


Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на денешните парламентарни избори во 13 часот е помала за 10,22 отсто во однос на изборите во декември 2016 година.

На овие избори излезноста до 13 часот е 24,61 отсто, додека во 2016 таа била 34,83 проценти.

Сегашнава излезност е помала и од вториот круг на претседателските избори на 5 мај 2019 година, кога до 13 часот гласале 20,73 отсто. За локалните избори во 2017 година излезноста беше во истите рамки, 27,11 проценти.

Налголема излезност до 13 часот има во Третата изборна единица – 29,72 отсто, по неа следи Четворката со 28,22 проценти, па Првата изборна единица со 27,36; па Петката со 24,03, Двојката со 22,68 отсто, додека најмала излезност, како и секогаш досега, има во Шестата изборна единица со 16,54 проценти.

Можно е овој тренд да добие поинаква динамика кога се знае дека гласањето на сегашниве избори ќе трае до 21 часот, па гласањето да се зголеми во вечерните часови кога ќе намалат горештините.

Од 13 до 21 часот има уште осум часа за гласање, па би требало да се очекува дека излезноста ќе достигне педесетина отсто. (Н.В.)