Целиот остров Тенерифе остана без струја


Целиот шпански остров Тенерифе остана без електрична енергија поради што се погодени околу 950.000 домаќинства. Хаваријата се случи околу 9:45 по локално време.

Причините за несреќата се уште се познати.

Најголемиот од Канарските Острови остана без електрична енергија вторпат во една година, по слично големо прекинување на електричната енергија во септември 2019 година.