Во Хрватска се повеќе заболени, денеска 92


 

Бројот на новозаболени во Хрватска денеска изнесува 92, со што вкупниот број се искачи на 3.953, од кои активни се 1.204, а оздравени 2.639.

Тестирани се вкупно 97.424 примероци, од кои 1.804 во последните 24 часа. Денеска нема починати.

„Бројката е поголема од вчера, но имаме големи жаришта“, рече Крунослав Цапак, директорот на ИЈЗ.

Донесена е нова одлука за носење маски, при што таа предвидува дека мора да ја носат сите вработени во трговските друштва кои работат со странки и во услужната дејност.

„Сега маски мора да се носат во пошти, банки и сите други институции каде се пружаат услуги на граѓани, шалтерско работење, секае каде луѓето доаѓаат до близок контакт или чекаат во ред. Истото важи и за услужните дејности со контакт, фризери, педикири… Претходно тоа беше препорака, сега е одлука“, рече Цапак.

За заразените туристи Цапак вели дека има 16 Данци на лекување, од кои еден е позитивен и останува во самоизолација, има швајцарско семејство кое е заразено, како и туристи од Чешка.