Судот на ЕУ ја поништи одлуката „Епл“ да биде оданочен со 13 милијарди евра во ирска


Случајот „Епл“ предизвика тензии меѓу САД и ЕУ

Ова е огромен пораз за моќната еврокомесарка Маргрет Вестагер, судиите ја отфрлија нејзината одлука за државната помош за 2016 година

 

Генералниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека Европската комисија незаконски ѝ наложила на Ирска да добие назад 13 милијарди евра неплатени даноци, плус камата од „Епл“.

Судиите ја поништија одлуката за 2016 година од страна на комесарот за конкурентност на ЕУ, Маргрет Вестагер, дека со тоа што не го оданочувала најголемиот дел од глобалниот профит на „Епл“, кој поминуваше низ земјата, Ирска одобрила нелегална државна помош за „Епл“.

„Комисијата не успеа да покаже со потребниот правен стандард дека на ‘Епл’ му била дадена незаконска предност“, се вели во изјавата на Судот.

Трите реда на одлуката се огромен пораз за Вестагер.

Случајот „Епл“ и пошироката политика на ЕУ за означување на овие даночни договори како нелегални субвенции предизвикаа тензии меѓу САД и ЕУ.

Администрацијата на претседателот Барак Обама со писмо од секретарот за финансии Џек Лу до тогашниот претседател на Комисијата, Жан-Клод Јункер, тврдеше дека толкувањето на Комисијата се заканува да го „поткопа“ прогресот постигнат од меѓународната заедница во даночната политика.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја нарече Вестагер „даночна дама“ која „навистина ги мрази САД“

Случајот „Епл“ е трет во низата наредби на ЕУ за државна помош што треба да бидат оспорени пред судот во Луксембург. Претходно, Судот ја поништи одлуката за даночниот третман на „Старбакс“ во Холандија, но ја одобри наредбата на Комисијата за Луксембург да ги поврати парите од „Фиат“. Другите случаи во кои се вклучени „Амазон“ и „Енџи“ во Луксембург сè уште се во тек.

„Фиат“ го обжали својот случај до највисокиот суд на ЕУ. Случајот „Епл“, исто така, се очекува да заврши на највисокиот суд во ЕУ, а 14,3 милијарди евра ќе останат блокирани во очекување на конечната пресуда. (Политико)