Инспектори на терен трагаат кој го загади Вардар

Екипите на Инспекторатот на Град Скопје излегоа на терен, откако утрово водата на Вардар стана кафеава. Се испитува кој е виновен за промената на бојата на реката, а ако станува збро за ист загадувач, казните ќе бидат многу поригорозни, најавија од инспекторатот.

– Екипите се на терен. Во тек е инспекцискиот надзор. Се земаат мостри од водата на кои ќе се прави лабораториски анализи – напишаа од Инспекторатот на Фејсбук.

Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче, соопштија од Инспекторатот.