Медицинска сестра од Битолската болница позитивна на Ковид-19


Медицинска сестра од одделот за Педијатрија во Клиничката болница Битола е новодијагностициран случај на Ковид-19 во Битола. Таа според официјални информации од Битолската болница се заразила надвор од работното место, а поради контакт со своите колеги дел од нив се во изолација.

„Нашата вработена се заразила од веќе познат случај, надвор од работното место. Во изолација се четворица од вработените на Педијатрија“, ни изјави д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница Битола.

Заклучно со вчерашниот ден во Битола се регистрирани 74 заболени од Ковид-19. (А.Б.)