Битолчанка наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија


Битолчанка денеска излегла на гласање но наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија. На избирачкото место бр. 102 во ОУ „Елпида Караманди“ битолчанката со право на глас се решила да го поништи своето гласачко ливче, токму на ваков начин велат од ОИК Битола.

„Жената имала психички проблеми, влегла да гласа, дадено ѝ е гласачко ливче и како инвалидно лице ѝ е дадено да гласа зад соодветен параван за лица со хендикеп, но кога се тргнала се видело дека ливчето што ѝ било дадено да гласа испаднало од параванот. Избирачкиот одбор го видел тоа, го прекинал гласањето и во кутијата забележале обично ливче. Гласачкото ливче е поништено, направен е записник и се продолжи со гласање. За ова е информирана и полицијата“, изјави Весна Томовска, претседател на ОИК Битола.

Од СВР Битола ни потврдија дека полицијата работи на овој случај, но и на уште неколку случаи кои се однесуваат на текот на гласањето во Битола, за што велат дека дополнително ќе информираат. (А.Б.)