Горивата поскапуваат од половина до еден денар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 …

Горивата поскапуваат од половина до еден денар Read More »

Екологистите ја поздравија новата стратегија за енергетика


Новата стратегија за развој на енергетиката во земјава за прв пат предвидува напуштање на јагленот како енергенс и транзиција кон обновливи извори на енергија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“. „Сакаме да ја поздравиме ваквата одлука на Владата која според нас значи движење кон нискојаглероден развој на земјата и ублажување …

Екологистите ја поздравија новата стратегија за енергетика Read More »

МНР: Нема заболени Македонци од корона вирусот во Италија


Министерството за надворешни работи согласно информациите добиени од македонскиот Генерален конзулат во Венеција – Италија, соопшти дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од корона вирусот. Според последните информации, во Италија се потврдени 159 случаи на заразени лица со корона вирус. „Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и …

МНР: Нема заболени Македонци од корона вирусот во Италија Read More »

„Опел корса“ прогласен за автомобил на годината во Македонија


Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 25. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија. За автомобил на годината е прогласен „Опел корса“. Претодно, од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу два избора, Националното жири одреди шест финалисти кои рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил …

„Опел корса“ прогласен за автомобил на годината во Македонија Read More »

Ќе му успее ли на Заев коалиција каква што не му успеа на Црвенковски?


Две и пол седмици пред рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници во ДИК, СДСМ е во обид да ја прошири  коалицијата  со партии од албанскиот блок. Можното коалицирање на СДСМ со некогаш ривалската ДПА и со опозициската Беса, или барем со една од овие партии би значело прва етнички-мешана коалиција на парламентарни избори. …

Ќе му успее ли на Заев коалиција каква што не му успеа на Црвенковски? Read More »

Српскиот парламент ги усвои договорите за „Мини Шенген“ со Македонија


Српскиот парламент денеска го изгласа Договорот меѓу владите на Србија и Македонија за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба, јави дописникот на МИА од Белград. Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на Договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се …

Српскиот парламент ги усвои договорите за „Мини Шенген“ со Македонија Read More »

Земјите од Западен Балкан сакаат повеќе инвестиции и отворени граници


Премиерите на земјите од Западен Балкан денес во Лондон се заложија за отворени граници и за поголеми инвестиции во нивните економии. Во рамките на четвртиот по ред Инвестициски самит ЕБОР 2020 што го организира Европската банка за обнова и развој, учествуваат премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово. На …

Земјите од Западен Балкан сакаат повеќе инвестиции и отворени граници Read More »

Церар се надева дека Македонија и Албанија во март ќе почнат преговори со ЕУ


Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перспективи на земјите од Западен Балкан рече дека е оптимист дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надева дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март. „Убеден сум дека Северна Македонија и Грција …

Церар се надева дека Македонија и Албанија во март ќе почнат преговори со ЕУ Read More »

Средношколци од Пула во карантин откако се вратиле од екскурзија во Италија


Средношколци од Пула, кои во саботата биле во Венеција, се вратиле дома, каде од службите за епидемиологија на Хрватскиот институт за јавно здравје добиле совет да останат во домашна изолација и да не одат на училиште. Директорот на гимназијата, Филип Зоричиќ, потврди дека станува збор за 42 ученици и четворица професори кои биле на екскурзија …

Средношколци од Пула во карантин откако се вратиле од екскурзија во Италија Read More »

Детали за пукотниците во Железара


Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара. Двајца скопјани И.А (29) 9 С.Р (35) се повредени од огнено оружје, синоќа во 00.21 часот на ул.„Ферид Бајрам“, по што се пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош. Од МВР за МИА потврдуваат дека полициски службеници излегле на …

Детали за пукотниците во Железара Read More »

Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ во Скопје: „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо


Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“ – „Jukebox“ нема да го заобиколи Скопје. Имено, основачот на „Јагоде“ – Зеле Липовача во Скопје пристигнува во среда, на 26-ти февруари, и истиот ден од 13 часот ќе се дружи со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store. Прилика за добра музика, …

Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ во Скопје: „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо Read More »

Расте популарноста на Трамп и шансите да биде реизбран


Рејтингот на популарноста на Доналд Трамп се подобрува во клучен момент во изборната година и ги зголемува неговите шанси за освојување на втор мандат во Белата куќа. Додека Берни Сандерс убедливо победи на примарните избори во Невада и води во демкратскиот камп, новата анкета на „Галуп“ му даде на Трамп рејтинг на одобрување од 49 …

Расте популарноста на Трамп и шансите да биде реизбран Read More »

Прекинат и карневалот во Венеција поради страв од корона вирусот


Италија денес го прекина одржувањето на карневалот во Венеција поради стравувањата од корона вирусот. „Наредбата е оперативна веднаш и ќе стапи на сила на полноќ“, соопштија регионалните власти на Венето, во чија област ја вклучува и Венеција. Карневалот, кој привлекува десетици илјади посетители, требаше да трае до вторник. Автобусите, возовите и другите видови јавен превоз …

Прекинат и карневалот во Венеција поради страв од корона вирусот Read More »

Некои од водечките светски економии се на раб на рецесија


Берзите во светот минатата недела затворија со доза на загриженост. Не е тешко да се погоди зошто се случува ваквата неизвесност: корона вирусот продолжи да се шири и има знаци дека некои од најголемите светски економии би можеле да влезат во рецесија, што се должи и на претходно пројавените слабости. Економскиот раст на Јапонија на …

Некои од водечките светски економии се на раб на рецесија Read More »

За две ипол години на земјоделците им биле исплатени 340 милиони евра


Во изминатите две ипол години на земјоделците им биле исплатени 340 милиони евра, беше речено денес во Струмица на трибината „Млади 20-24“ на тема „Земјоделство“ во организација на СДММ. Учесниците на трибината зборуваа за актуелните состојби во земјоделството при што нагласија дека прв пат по 11 години субвенциите се исплаќаат навреме и фер. Од 1 …

За две ипол години на земјоделците им биле исплатени 340 милиони евра Read More »

Заев: Со објавената аудио снимка ВМРО-ДПМНЕ се закопа


Коментирајќи ја аудио снимката што ја пушти Антонио Милошоски, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, изјави на прес-конференција дека тоа било уште еден доказ дека „ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство не можат да функционираат без лаги и конструкции“. Според Локвенец, „ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа …

Заев: Со објавената аудио снимка ВМРО-ДПМНЕ се закопа Read More »

Со аудио снимка Милошоски го обвини Заев дека се мешал во судски одлуки


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во партиското седиште денес објави прислушуван материјал во кој се слуша гласот на Зоран Заев каде тој, наводно, се меша во одлуки на судската власт. Милошоски соопшти дека материјалот го добил од укажувач заедно со пропратно писмо, во кое се вели дека доставената снимка била „сериозна индиција за кривична одговорност …

Со аудио снимка Милошоски го обвини Заев дека се мешал во судски одлуки Read More »

Еден род, една партија – научил ли Мицкоски нешто од грешките на Груевски


Откако на изборите во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ , тогаш предводена од Никола Груевски, се „лизна“ со Тиранската платформа и целосно го уништи својот коалициски капацитет и потоа замина во опозиција,  денеска истата партија, но под палката на Христијан Мицкоски, повторно е на тенок мраз кога е во прашање темата не меѓуетничките односи и нивната промоција …

Еден род, една партија – научил ли Мицкоски нешто од грешките на Груевски Read More »

Италија воведе вонредни мерки поради корона вирусот, 50 илјади луѓе се во карантин


Десетина градови во италијанските северни региони Ломбардија и Венето беа ставени во карантин, а околу од 50.000 луѓе беше побарано да останат дома. Ова се дел од „вонредни мерки“ што се воведени во Италија во обид да се справи со најголемото ширење на корона вирусот во Европа. Италијанскиот премиер Џузепе Конте го објави планот доцна …

Италија воведе вонредни мерки поради корона вирусот, 50 илјади луѓе се во карантин Read More »

Оригинали и копии – битката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во полн ек


Кој ветува оригинални предизборни ветувања, а кој копија – беше главната причина за денешната директна конфронтација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како еден вид најава за она што ги очекува граѓаните периодот што следува, односно до одржувањето на изборите на 12 април. Иако официјалниот старт на капањата се уште е далеку (таа почнува на 23 март), …

Оригинали и копии – битката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во полн ек Read More »