Церар се надева дека Македонија и Албанија во март ќе почнат преговори со ЕУ


Ljubljana, ministrstvo za zunanje zadeve. Minister za zunanje zadeve Miro Cerar. Arhiv STA.

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перспективи на земјите од Западен Балкан рече дека е оптимист дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надева дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март.

„Убеден сум дека Северна Македонија и Грција направија историски напредок со потпишувањето на Преспанскиот договор. Северна Македонија покажа политичка мудрост и храброст и подготвеност за реформи. Нема сомнеж дека на Северна Македонија ќе ѝ биде одобрен старт на преговорите“, изјави Церар.

Тој оцени дека Албанија, исто така, постигнала напредок, пред сѐ во процесот на ветинг, па затоа се надева дека на двете земи ќе им биде одобрен почеток на преговорите за членство во март.

Словенија, како што изјавил, силно ги поддржува Северна Македонија и Албанија за почеток на процесот на преговори што е особено важно за граѓаните на двете земји.