Средношколци од Пула во карантин откако се вратиле од екскурзија во Италија


Средношколци од Пула, кои во саботата биле во Венеција, се вратиле дома, каде од службите за епидемиологија на Хрватскиот институт за јавно здравје добиле совет да останат во домашна изолација и да не одат на училиште.

Директорот на гимназијата, Филип Зоричиќ, потврди дека станува збор за 42 ученици и четворица професори кои биле на екскурзија и кои, според упатствата на институтот, мора да останат дома.

Се смета дека епидемијата на коронавирус во Италија е најголема надвор од територијата на Азија. Во оваа европска земја досега починаа четири лица заразени со вирусот.

Децата и професорите две недели биле на екскурзија, пренесува агенцијата „Танјуг“.