Детали за пукотниците во Железара


Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

Двајца скопјани И.А (29) 9 С.Р (35) се повредени од огнено оружје, синоќа во 00.21 часот на ул.„Ферид Бајрам“, по што се пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Од МВР за МИА потврдуваат дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А и С.Р. , биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С (33) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчиустување на случајот, во текот на денот се очекуваат детали од полицијата