Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски


Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење. –Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната …

Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски Read More »

Почина кошаркарската легенда Бора Станковиќ


Легендарниот кошаркар и долгогодишен функционер на ФИБА, Бора Станковиќ почина денеска во Белград на 95-годишна возраст. Беше еден од основачите на белградска Црвена звезда, репрезентативец на поранешна Југославија и играч кој го постигна првиот кош во историјата на Светските првенства (СП 1950 во Аргентина). Со Црвена звезда освои три шампионски титули по што ги облече …

Почина кошаркарската легенда Бора Станковиќ Read More »

Директорите на Здравствен Дом Скопје се откажуваат од маровската плата, парите за Итната медицинска помош


Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје  проф.др. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока, се откажуваат  од платата за март, информираат од оваа здравствена институција. Средствата, како што појаснуваат ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите наши корисници на …

Директорите на Здравствен Дом Скопје се откажуваат од маровската плата, парите за Итната медицинска помош Read More »

Во болницата во Велес еден сомнителен на корона вирус


На Инфективното одделение при велешката Општа болница од вчера е хоспитализиран маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на коронавирусот. Има покачена температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар. -Земен му е брис и се чекаат резултатите од лабораторијата во Скопје, изјави за МИА докторка Весна …

Во болницата во Велес еден сомнителен на корона вирус Read More »

Одложување на ратите до септември, пониски камати, репрограмирање… што можат да бараат граѓаните и фирмите од банките


За ова нема да се оди во банка, туку се работи на процедура која ќе овозможи тоа да се прави електронски Граѓаните и фирмите што се соочуваат со проблеми поради корона вирусот, од наредната недела ќе може да побараат одложување на плаќањата на обврските кон банките до септември и да добијат поповолни услови за отплата, …

Одложување на ратите до септември, пониски камати, репрограмирање… што можат да бараат граѓаните и фирмите од банките Read More »

Кои политичари и високи функционери имаат коронавирус?


Коронавирусот не познава граници и ниту еден континент – освен Антарктикот – не е поштеден. Вирусот се прошири и во коридорите на моќта, а голем број национални и локални политичари ширум светот објавија дека се заразени. Во Иран, најмалку десетина сегашни и поранешни функционери, политичари и религиозни личности починаа по добиениот вирус. Прашањето е колку …

Кои политичари и високи функционери имаат коронавирус? Read More »

Претседателот Пендаровски го потпиша последниот документ за членство во НАТО


Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Македонија кон НАТО, што претставува финален чекор за членството во алијансата. „Со овој документ, јас како претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и, се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, …

Претседателот Пендаровски го потпиша последниот документ за членство во НАТО Read More »

Томас Бах: Откажување на Олимпијадата не е опција


Швајцарија– Меѓународниот олимписки комитет (МОК) разгледува различни сценарија за Олимпијадата во Токио, но откажувањето не е меѓу нив, изјави денеска претседателот на организацијата, Томас Бах. „ИОК и Владата на Јапонија во средата објавија дека подготовките за Игрите одат според планот и се очекува да започнат навреме. Се разбира, гледаме во различни сценарија, но за разлика …

Томас Бах: Откажување на Олимпијадата не е опција Read More »

Комора за туризам: Со ваучер патниците да го сменат датумот на аранжманот во рок од една година


На патниците да им се овозможи во рок од една година со ваучер да го заменат датумот на аранжманот што веќе го закажале, а не можат да го реализираат поради коронавирусот. Да се воведе и ваучер за аранжмани со авионски превоз од кои авионскиот превоз би се изземал и би се субвенционирал од државата. Ова …

Комора за туризам: Со ваучер патниците да го сменат датумот на аранжманот во рок од една година Read More »

(Галерија) Замре Старата скопска чаршија


Петок – прв ден на пролетта, а Старата скопска чаршија пуста. Ретките дуќанџии, кои се уште ги држат дуќаните отворени, седат на пролетното сонце, пред врата, чекајќи некој да влезе во продавницата, макар муабет да скршат со некого. Сепак, поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, граѓаните се претежно дома, а по старите …

(Галерија) Замре Старата скопска чаршија Read More »

Даниел Дае Ким, ѕвездата на Hawaii Five-0 е позитивен на коронавирус


САД- Даниел Дае Ким (51) , ѕвездата на Lost и Hawaii Five-0 потврди од неговиот дом на Хаваи дека е позитивен на корона вирус. Актерот ја сподели веста по пат на видео на социјалните мрежи истакнувајќи дека „изгледа дека ќе бидам добро“. Тој, исто така, го детализираше своето патување со коронавирусната болест во обид да …

Даниел Дае Ким, ѕвездата на Hawaii Five-0 е позитивен на коронавирус Read More »

„Банк оф Америка“: Американската економија влезе во рецесија


Американската економија е во рецесија како резултат на глобалната пандемија од корона вирусот, се вели во извештај на „Банк оф Америка“. Извештајот е подготвен од аналитичари под раководство на Мишел Мејер, главен економист на банката, кои изјавија дека економијата во САД официјално е во рецесија. „Тоа се случи, како и во други делови на светот, …

„Банк оф Америка“: Американската економија влезе во рецесија Read More »

Истрага за лажни производи против коронавирус во ЕУ


Белгија– Европските регулаторни органи започнаа истрага за увоз на лажни производи поврзани со коронавирусот кои се неефикасни, па дури и штетни по здравјето, соопшти Европската канцеларија за борба против финансиски престапи ОЛАФ. Во конфискуваните производи спаѓаат маски, медицински помагала, средства за дезинфекција и санитарни производи и тестови. Во земјите на ЕУ лажните заштитни маски се …

Истрага за лажни производи против коронавирус во ЕУ Read More »

Со специјални летови се враќаат Грци од Италија, Шпанија, Полска и Англија


Грција – На атинскиот аеродром, од Лондон, денеска пристигнуваат три летови со вкупно 400 грчки државјани, а претставници на Националната организација за јавно здравје и на Министерството за здравство на Грција ја мерат температурата на сите патници и земаат примероци за тест за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, планирани се специјални летови …

Со специјални летови се враќаат Грци од Италија, Шпанија, Полска и Англија Read More »

Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид


Македонка од Швајцарија се вратила во Охрид и наместо да седи дома се прошетала, а потпишала дека ќе се самоизолира. Обвинителството предлага парична казна од 3.000 евра. ЈО информира дека Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка …

Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид Read More »

Прв случај на заразен европратеник


Белгија – Европскиот пратеник од Полска, Адам Јарубас, преку Твитер информираше дека кај него е детектиран коронавирусот, ова е првиот познат случај во Европскиот парламент. Јарубас соопшти дека е хоспитализиран и дека добро се чувствува, а прес службите на Европскиот парламент порачаа дека се информирани и дека за сега не се познати други случаи на заразени …

Прв случај на заразен европратеник Read More »

Товарните возила непречено ќе можат да ги минуваат граничните премини


Се обезбедуваат дозволи за возачите на камиони, а се дефинираат и протоколите за непречен транспорт   По барањето од Стопанската комора на Македонија, Владата во текот на денов ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во земјава. Прифатена е иницијативата …

Товарните возила непречено ќе можат да ги минуваат граничните премини Read More »

Груевски и Мицкоски како дуо трио


Груевски, Мицкоски и Николоски, ако бога знаете, не ѝ пејте реквием на Македонија и не повикувајте на паника и хаос, оти таа уште е жива и здрава и ќе го победи и ова планетарно зло ЕРОЛ РИЗАОВ Никола Груевски и Христијан Мицкоски ги извадија маските и сеат ли сеат  вируси низ Македонија поопасни од Корона. …

Груевски и Мицкоски како дуо трио Read More »

УЈП ќе работи од 10 до 12 со странки на сите шалтери, препорачува електронска услуга


Управата за јавни приходи – УЈП го ограничува времето за прием на странки од 10 до 12 часот во генералната, регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, со цел елиминирање на секоја можност за ширење и коронавирусот. УЈП ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските …

УЈП ќе работи од 10 до 12 со странки на сите шалтери, препорачува електронска услуга Read More »

САД прекинуваат со издавање визи во сите држави во светот


САД– САД соопштија дека ги суспендираат сите визи ширум светот, поарди глобалната пандемија на новиот коронавирус. Американските амбасади и конзулати сепак ќе ги разгледаат визите за итни случаи доколку имаат соодветен персонал, соопшти Стејт департментот. „Како одговор на значајните светски предизвици поврзани со пандемијата Ковид-19, Стејт департментот привремено ги суспендира визните услуги во сите амбасади и …

САД прекинуваат со издавање визи во сите држави во светот Read More »