Даниел Дае Ким, ѕвездата на Hawaii Five-0 е позитивен на коронавирус


САД- Даниел Дае Ким (51) , ѕвездата на Lost и Hawaii Five-0 потврди од неговиот дом на Хаваи дека е позитивен на корона вирус. Актерот ја сподели веста по пат на видео на социјалните мрежи истакнувајќи дека „изгледа дека ќе бидам добро“. Тој, исто така, го детализираше своето патување со коронавирусната болест во обид да им помогне на другите во услови на оваа пандемија – и повика на крај на предрасудите против Азијците околу вирусот.

Тој рече дека  „последните неколку недели“ бил во Њујорк, снимајќи го ТВ-шоуто New Amsterdam „каде иронично играм доктор кој се регрутира во болница за да им помогне на пациентите за време на пандемија на грип“.

Кога појавата на коронавирусот довела до затворање на продукции, тој полетал дома на Хаваи за да биде со семејството – сопругата, Миа и двете деца.

Ким во тоа време не почувствувал сиптоми, но кога авионот слетувал на аеродромот на Хаваи почувствувал гребење во грлото, кој како симптон го немал кога се разболувал. Кога слетал, го повикал својот лекар, кој му рекол да ги следи неговите препораки,  па се само-карантинирал во посебен дел од домот и се одморил.

Актерите Том Хенкс и Идрис Елба се меѓу најзвучните имиња од Холивуд кои се заразени со Ковид-19.