Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски


Фото: Б. Грданоски

Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење.

Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната секојдневна работа да помогнат на докторите, полицајците, пожарникарите, пензионерите, граѓаните. Веќе од денеска започнуваме со распределба по нашите институции, вели Бочварски.

Општина Штип вчера обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски, кои почнаа да ги шијат три текстилни компании „Ларс“, „Вабо“, „ЕАМ“, а од денеска се приклучија уште две текстилни компании станува збор за „Албатрос“ и „Дик Фагус“ кои  ги ставија на располагање дел од своите капацитети како помош во шиењето на заштитните маски. Маските можат да се употребуваат повеќе пати.