„Банк оф Америка“: Американската економија влезе во рецесија

NEW YORK, NY - JUNE 21: Traders and financial professionals work on the floor of the New York Stock Exchange (NYSE) ahead of the closing bell, June 21, 2019 in New York City. U.S. stocks finished down slightly at the close on Friday but are still on pace for a strong month. (Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Американската економија е во рецесија како резултат на глобалната пандемија од корона вирусот, се вели во извештај на „Банк оф Америка“.

Извештајот е подготвен од аналитичари под раководство на Мишел Мејер, главен економист на банката, кои изјавија дека економијата во САД официјално е во рецесија.

„Тоа се случи, како и во други делови на светот, и тоа е голем пад, се вели во документот.

Банката предвидува неизбежен раст на невработеноста и намалување на приходите на населението. Во второто тримесечје се очекува пад на економијата од 12 отсто од бруто домашниот производ, додека за цела година се очекува пад од 8 отсто.

Аналитичарите предвидуваат „мошне споро враќање кон растеж“ после падот во април.