САД прекинуваат со издавање визи во сите држави во светот


САД– САД соопштија дека ги суспендираат сите визи ширум светот, поарди глобалната пандемија на новиот коронавирус.

Американските амбасади и конзулати сепак ќе ги разгледаат визите за итни случаи доколку имаат соодветен персонал, соопшти Стејт департментот.

„Како одговор на значајните светски предизвици поврзани со пандемијата Ковид-19, Стејт департментот привремено ги суспендира визните услуги во сите амбасади и конзулати на САД“, се вели во соопштението.
Нема одреден датум кога ќе продолжат да издаваат визи.