Со специјални летови се враќаат Грци од Италија, Шпанија, Полска и Англија


Грција – На атинскиот аеродром, од Лондон, денеска пристигнуваат три летови со вкупно 400 грчки државјани, а претставници на Националната организација за јавно здравје и на Министерството за здравство на Грција ја мерат температурата на сите патници и земаат примероци за тест за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, планирани се специјални летови од Италија, Шпанија и Полска за да се репатрираат Грците кои се наоѓаат во овие земји, а се пријавиле за враќање назад, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во координација на службите од грчкото МНР и секретаријатот за цивилна заштита се прават напори за репатријација на граѓаните, со оглед на тоа дека во многу земји се откажуваат и забрануваат летови.

Од Италија, Грците ќе се вратат со специјален лет и специјален траект, по телефонскиот разговор на шефовите на двете дипломатии.

За време на викендот, од Мадрид и Барселона, со три специјални летови на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, во Атина ќе се вратат грчките државјани кои се заглавени во Шпанија, а според АНА-МПА, во главно, станува збор за студенти од програмата „Ерасмус“ и туристи.

Утре, исто така со вонреден и специјален лет, ќе се репатрираат Грци што се наоѓаат во Полска.

За Грци, по враќањето, се обврзани 14 дена да бидат во домашна самоизолација.

Во изминатите денови успешно се вратија во Грци од Мароко и Ирак.

Од Маракеш, според АНА-МПА, во средата пристигнал авион со 80 Грци, но и државјани од Кипар, Бугарија, Германија и Франција.

Додека пак од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција, соопштија дека 13 транспортери, кои со нивните камиони 25 дена беа заглавени на границата Ирак – Турција се вратија во Грција со специјален чартер лет.

Транспортерите, поради затворените граници, беа принудени, нивните камиони, нивните камиони да ги остават во ирачкиот град Ербил и во Грција да се вратат авионски.