(ФОТО и ВИДЕО) Изгоре автобус под Железничка станица


Приватен автобус во рамките на сообраќајот организиран од ЈСП се запали и речиси целосно изгоре утрово под Железничката станица. Чадот од автобусот се гледаше на километар од станицата.     Автобусот го гасеа десттина пожаникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и …

(ФОТО и ВИДЕО) Изгоре автобус под Железничка станица Read More »

Бела куќа: Мајк Пенс се држи на дистанца од Доналд Трамп


Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се држи подалеку од претседателот Доналд Трамп, откако неговиот прес секретар излезе позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени, јави „Гардијан“. Пенс вчера не присуствуваше на прес-конференцијата на Трамп, ниту во саботата беше на состанокот во Белата куќа со американските воени и претставниците на националната безбедност. Оваа реакција …

Бела куќа: Мајк Пенс се држи на дистанца од Доналд Трамп Read More »

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19


Од денеска почнува скринигот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција. – Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба …

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19 Read More »

ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП за 3,5 отсто во 2020 и раст од 5,5 отсто во 2021


Растот во регионите во кои што е присутна Европската банка за обнова и развој оваа година ќе се намали во просек за 3,5 проценти, се вели во најновото издание на Регионалните економски изгледи, објавено денес   Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за Регионалните економски изгледи, објавен денеска, прогнозира пад на …

ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП за 3,5 отсто во 2020 и раст од 5,5 отсто во 2021 Read More »

Фаучи: САД се на вистинскиот пат, но епидемијата засега не е под контрола


Водечкиот епидемиолг на САД, д-р Ентони Фаучи, денеска на сослушување пред Комисијата за здравство, образование, труд и пензии во Сенатот изјави дека САД се на вистинскиот пат, но дека епидемијата засега не е под контрола. Покрај него, исто така во далечински настап, на сослушувањето учествуваа и Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и заболувањата …

Фаучи: САД се на вистинскиот пат, но епидемијата засега не е под контрола Read More »

Врховниот суд ги слушна аргументите, можна пресуда за пристап до даночните пријави на Трамп во јули


Врховниот суд на САД на рочиште што траеше три часа ги сослуша аргументите на правни советници од Претсавничкиот дом на американскиот Конгрес и обвинители од Њујорк, за пристап до парични и даночни информации на претседателот Доналд Трамп. Судот одлучи да донесе пресуда во јули. Се работи за увид во информациии за кои претседателот и негови …

Врховниот суд ги слушна аргументите, можна пресуда за пристап до даночните пријави на Трамп во јули Read More »

УСАИД додели дополнителна поддршка од 15,9 милиони долари


Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу нашата држава и САД, од програмата УСАИД, кој го зголемува износот на средства за дополнителни 15.929.675 долари. -Владата ја разгледа и усвои информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија …

УСАИД додели дополнителна поддршка од 15,9 милиони долари Read More »

,,Ковид 1″: Одобрени бескаматни кредити на 738 претпријатија со 6.524 вработени


Владата на денешната седница ја усвои информацијата на Развојната банка за четвртата група обработени кредитни апликации со што се исцрпени предвидените фондови за првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид 1″. Со оваа четврта група, на вкупно 738 претпријатија кои вработуваат 6.524 лица им се одобрени кредитните барања за бескаматен кредит од ,,Ковид 1″ линијата. Средствата од …

,,Ковид 1″: Одобрени бескаматни кредити на 738 претпријатија со 6.524 вработени Read More »

„Конечно, вирусот ме стигна“. Научникот кој се бореше против ебола и ХИВ се соочи со смртта од Ковид-19


Петер Пиот е еден од откривачите на ебола вирусот во 1976. Сега е советник за Ковид-19 на претседателската на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во ова возбудливо сведоштво раскажува како се борел со смртта со корона вирусот по толку многу битки со разни вируси   Вирусологот Петер Пиот, директор на Лондонската школа за хигиена …

„Конечно, вирусот ме стигна“. Научникот кој се бореше против ебола и ХИВ се соочи со смртта од Ковид-19 Read More »

Битиќи: Во третиот сет мерки ќе има грижа за секое домаќинство


Третиот сет мерки на Владата ќе биде единствен во новата историја на Македонија со кој ќе има грижа за секое семејство, изјави вечерва на Телма владиниот економски советник Фатмир Битиќи. „Тој ќе се грижи за приватната потрошувачка, ќе се грижи за секое домаќинство, ќе биде пакет мерки каков што прв пат направила една Влада во …

Битиќи: Во третиот сет мерки ќе има грижа за секое домаќинство Read More »

Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи


Владата, на предлог на МВР, на денешната седница донесе уредби со законска сила за продолжување на патните исправи и на возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба. Рокот на овие лични исправи се продолжува до 31 јули 2020 година, соопшти владината прес-служба.

Дунав се намалил 134 километри


Дунав се намалил за 134 километри во текот на изминатите два века, како резултат на човечки активности, се тврди во извештај објавен денеска. Меѓународна студија за речните седименти исто така покажа дека Дунав станал потесен и до 40 проценти од средината на 19 век, соопшти Баварската агенција за заштита на животната средина. Во извештајот се …

Дунав се намалил 134 километри Read More »

Сервер: Само несигурни во својот идентитет водат грижа за него


Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на С.Македонија, истакна Даниел Сервер, експерт за Балканот од Uниверзитетот „Џон Хопкинс“. Сервер е професор по напредни меѓународни студии …

Сервер: Само несигурни во својот идентитет водат грижа за него Read More »

Ја плукнале на работното место, починала од корона вирус


Продавачка на патни билети починала од корона вирус откако ја плукнале додека била на работното место. Бела Мужинга во март работела на станица во југозападен Лондон, кога некој ја плукнал и се закашлал во неа и во нејзината колешка. Неколку дена подоцна, Мужинга, која имала респираторни проблеми примена е во болница и ставена на респиратор, …

Ја плукнале на работното место, починала од корона вирус Read More »

Шведска: По врвот кон средината на април, смртноста опаѓа


  Уште 57 луѓе починаа од ковид-19 во Шведска, соопштија денеска здравствените власти на земјата. Смртноста во таа земја, која одлучи да не спроведува драстични мерки, и понатаму опаѓа по врвот достигнат кон средината на април. Според најновите податоци, бројот на смртни случаи во Шведска изнесува 3.313. До сега 27.272 лица имале позитивен тест на …

Шведска: По врвот кон средината на април, смртноста опаѓа Read More »

Кристалина Георгиева: Многу веројатно е дека ММФ дополнително ќе намали прогноза за раст


Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави денеска дека е „многу веројатно“ фондот дополнително да ги намали своите глобални економски прогнози, бидејќи пандемијата на коронавирусот удри во многу економии потешко отколку што првично се очекуваше. „Податоците што доаѓаат од многу земји се полоши од нашите веќе песимистички предвидувања“, рече Георгиева на веб-конференција, …

Кристалина Георгиева: Многу веројатно е дека ММФ дополнително ќе намали прогноза за раст Read More »

Поради топлите океани претстојат натпросечно топли месеци


Во северната хемисфера и тропските области во мај и јуни температурите ќе бидат повисоки од просечните поради топлото море, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО). Оваа година, месеците до почетокот на мај беа најтопли или втори најтопли од почетокот на регистрирање на температурата, според агенцијата на ОН за временски и климатски услови. Додека високите температури …

Поради топлите океани претстојат натпросечно топли месеци Read More »

(Видео) Утре се отвораат шопинг моловите и обложувалниците


Премиерот Оливер Спасовски по седницата на Владата соопшти дека од утре ќе почнат да работат Заводот за рехабилитација на слухот, автошколите, авто испитните центри, спортски центри, спортски и други обложувалници со шалтер систем, како и трговските центри и молови без угостителските дејности.Моловите ќе работат од 10 до 16 часот, со исклучок на недела кога ќе …

(Видео) Утре се отвораат шопинг моловите и обложувалниците Read More »

Заев: Избори што поскоро, со внимавање на здравјето на луѓето


На лидерската средба се согласивме дека сите можности за свикување на Собранието се исцрпени, тоа го потврди и претседателот на СОбранието, и Уставниот суд, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба. Потенцира дека ги разгледале опциите кога ќе може да има избори ако се прогласи или не се прогласи повторно вонредна состојба. Според …

Заев: Избори што поскоро, со внимавање на здравјето на луѓето Read More »

АПИС: Дискриминарани се автомат-клубовите и казината


Земајќи предвид дека Владата на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука за фазно враќање на општествените процеси во „новата нормалност“, сметаме дека како општествено одговорни субјекти, ценејќи ги економските предизвици со кои се соочува државата, треба да ги потенцираме следните факти. Уредбата за отворање на само еден сегмент …

АПИС: Дискриминарани се автомат-клубовите и казината Read More »