Ја плукнале на работното место, починала од корона вирус


Продавачка на патни билети починала од корона вирус откако ја плукнале додека била на работното место.
Бела Мужинга во март работела на станица во југозападен Лондон, кога некој ја плукнал и се закашлал во неа и во нејзината колешка. Неколку дена подоцна, Мужинга, која имала респираторни проблеми примена е во болница и ставена на респиратор, но за жал починала, наведува Гардијан.
Синдикатот во текот на истрагата за инцидентот го известил железничкиот инспекторат, безбедносниот огранок на Канцеларијата за патен и железнички сообраќај.
„Неодамна е најавено дека по 60.000 фунти ќе му бидат исплатени на сите здравствени работници кои ќе починат поради пандемијата. Ние мислиме дека оваа накнада треба да се прошири и на семејствата на работниците кои биле во опасност обидувајќи се да ја одржат нашата земја и виталните служби“, вели Мануел Кортез, генерален секретар на синдикатот на работниците во железницата.
„Нашата железничка индустрија мора сериозно да сфати кои задачи се сметаат за клучни и дека мора да ги заштити сите наши членови и патници“,  смета Кортез, пренесе Гардијан.
Британската сообраќајна полиција  покрена истрага за инцидентот.