Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи

Владата, на предлог на МВР, на денешната седница донесе уредби со законска сила за продолжување на патните исправи и на возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба.

Рокот на овие лични исправи се продолжува до 31 јули 2020 година, соопшти владината прес-служба.