Шведска: По врвот кон средината на април, смртноста опаѓа


 

Уште 57 луѓе починаа од ковид-19 во Шведска, соопштија денеска здравствените власти на земјата.

Смртноста во таа земја, која одлучи да не спроведува драстични мерки, и понатаму опаѓа по врвот достигнат кон средината на април.

Според најновите податоци, бројот на смртни случаи во Шведска изнесува 3.313. До сега 27.272 лица имале позитивен тест на корона вирус во таа земја, при што денеска се пријавени 602 нови случаи, пренесе Гардијан.

Разликите во бројот на заболени и починати во земјата остануваат големи, наведе во понеделникот шведската статистичка агенција, спотед која кон средината на април е забележан врвот на смртност.

„Највисокот ниво (на смртност) на национално ниво се уште е во 15-тата недела (кон средината на април() кога имаше 2.554 смртни случаи. Тоа е највисок број смртни случаи пријавени во една недела“, наведува агенцијата, додавајќи дека од тогаш, на неделно ниво, смртноста опаѓа.