Дунав се намалил 134 километри


Дунав се намалил за 134 километри во текот на изминатите два века, како резултат на човечки активности, се тврди во извештај објавен денеска.

Меѓународна студија за речните седименти исто така покажа дека Дунав станал потесен и до 40 проценти од средината на 19 век, соопшти Баварската агенција за заштита на животната средина. Во извештајот се вели дека промените биле предизвикани од интервенции за израмнување на речниот тек, но и од мерки за заштита од поплави и изградба на брани.

Поради тие човечки интервенции, седиментот веќе не можеше да помине преку Дунав до Црно Море. Наместо тоа, се таложи на бреговите на реката, трајно менувајќи ја својата форма.

Со своите 2.850 километри, Дунав е втора најдолга река во Европа, по руската Волга.