Во Србија 34 нови случаи на Ковид-19, починаа тројца


Според најновите податоци на Министерството за здравство на Србија денеска се потврдени 34 случаи на заболени од Ковид-19 од 5.298 тестирани. Во последните 24 часа починаа тројца, со што бројот на починати се искачи на 234. Во болница се 808 пациенти, на респиратори се 15, додека оздравени се 4.904.

Вухан за 24 часа спроведе 467.847 тестирања на корона вирус


Во Вухан вчера се направени 467.847 тестирања на корона вирус, додека претходниот ден тој број изнесуваше 335.887. Во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот корона вирус, на 14 мај почна кампања со цел откривање на асимптоматски носители на вирусот. Ваквиот чекор е преземен откако неодамна беа пријавени нови случаи, првпат откако беа укинати …

Вухан за 24 часа спроведе 467.847 тестирања на корона вирус Read More »

Тинејџер одбил да продаде платформа за следење на Ковид-19 за осум милиони долари


Ави Шифман, 17-годишен Американец од државата Вашингтон, ја одбил понудата за осум милиони долари да ја продаде платформата за следење на ширењето на Ковид19, која сам ја осмисли и ја разви. Станува збор за платформата ncov2019.live. што им овозможува на посетителите да ги проверат сите информации релевантни за коронавирусот и статистички податоци за ширење на …

Тинејџер одбил да продаде платформа за следење на Ковид-19 за осум милиони долари Read More »

Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно да подготват „отворање“ по пандемијата


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска оцени дека Западен Балкан и ЕУ треба да работат заедно за да се подготват за можно и постепено „отворање“ по воведените рестрикции поради епидемијата на Ковид-19. „Сакаме да им се придружиме на нашите партнери од Западен Балкан на мапата на патот кон ЕУ, што се однесува на постепено …

Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно да подготват „отворање“ по пандемијата Read More »

Десет заклучоци донесоа шефовите на дипломатии од Западен Балкан


На видео-состанокот по вториот министерски форум „Солун 2020“ на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово биле донесени десет заклучоци што се однесуваат на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, на здравствениот и туристичкиот сектор и транспортот, на регионалната соработка, како и почитување на …

Десет заклучоци донесоа шефовите на дипломатии од Западен Балкан Read More »

Во Свети Николе нема заболено лице од корона вирус


Во денешниот здравствен билтен за новозарезени пациенти со корона вирус се нотира и случај од Свети Николе, но попладнево од Општинскиот кризен штаб информираат дека Свети Николе и понатаму успешно се справува со ширењето на вирусот, а денешниов случај е од соседната помала Општина Лозово. -Се известуваат граѓаните на Општина Свети Николе дека согласно последните …

Во Свети Николе нема заболено лице од корона вирус Read More »

Србија согласна за отворање на границите на 1 јуни, Грција од 15 јуни ќе прима туристи


Претседателот на Србија Александар Вучиќ, учествуваше денеска на видео конференцискиот состанок меѓу претставниците на Високиот совет за соработка на Република Србија, Бугарија, Грција и Романија, на кој е разговарано за постепено попуштање на мерките за олеснување на транспортот на луѓе и стоки, како и за туристички патувања меѓу државите од Квадритералата- Србија, Грција, Бугарија и …

Србија согласна за отворање на границите на 1 јуни, Грција од 15 јуни ќе прима туристи Read More »

Варвициотис: Нема да воведеме особени ограничувања за туристите


Она што е важно е дека ние нема да поставиме особени ограничувања за туристите, вели министерот за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис во интервјуто за грчката телевизија „МЕГА“, објаснувајќи дека ќе се обидат туризмот да го отворат на ист начин за сите земји, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, …

Варвициотис: Нема да воведеме особени ограничувања за туристите Read More »

Се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово


Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. На оваа седница, како што информира тој, е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји …

Се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово Read More »

Во Шпанија задолжително носење маски


Владата на Шпанија денеска соопшти дека носењето на маски за лице и понатаму ќе биде задолжително. Одлуката беше донесена по вчерашниот состанок на централната Влада и претставниците на 17 автономни региони на Шпанија. Како и до сега, маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз,  во затворени простории и на улица доколку нема можност за дистанца …

Во Шпанија задолжително носење маски Read More »

Гневна тирада на Трамп против Фокс њуз


Претседателот е лут затоа што водителот Нил Кавуто ги предупреди гледачите да не го земаат на своја рака лекот хидроксихлорокин, што го пие Трамп   Претседателот Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави редица гневни пораки против Нил Кавуто од Фокс њуз – и против самата телевизиска мрежа – откако водителот го критикуваше претседателот, кога тој …

Гневна тирада на Трамп против Фокс њуз Read More »

Пакистан 68 години имал економски раст, се до корона кризата


Бруто домашниот производ на Пакистан во фискалната 2019/20 година, која завршува на 30 јуни, го забележа првиот пад од 1952 година, бидејќи глобалната криза предизвикана од епидемијата на коронавирусот силно ја погоди економијата на земјата. Девалвацијата на националната валута – рупијата и намалувањето на економската активност како резултат на пандемијата ќе резултира со пад на …

Пакистан 68 години имал економски раст, се до корона кризата Read More »

Макрон го загуби мнозинството во парламентот


Партијата на францускиот претседател загуби 26 пратеници од времето кога беа изборите Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот тесно го загуби апсолутното мнозинство во долниот дом на парламентот, со пребегнување на седум пратеници од неговата партија ЛРЕМ. Новата група наречена „Екологија, демократија, солидарност“ планира да се залага за „социјална и еколошка правда“ и …

Макрон го загуби мнозинството во парламентот Read More »

Сејшелите забранија крстарење до крајот на 2021 година


Сејшелските Острови ги забранија крстосувањата до крајот на наредната 2021 година, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Надлежните, во меѓувреме, најавија помош за хотелите, одморалиштата, туристичките агенции и сите оние што се погодени од оваа корона-криза. Сѐ уште не се знае дали и кога островите ќе бидат отворени за поморски и воздушен сообраќај. …

Сејшелите забранија крстарење до крајот на 2021 година Read More »

Заев: Третиот сет мерки се за помош на граѓаните и фирмите, но и за развој на економијата


Да се помогне секому кому му е потребна помош, динамичен раст и градење нова развојна македонска економија базирана на иновативни решенија, тоа беа принципите од кои се водевме заедно со Економскиот совет на СДСМ кога го креиравме третиот предлог пакет економски мерки. Ја поздравувам одлуката на Владата да усвои голем дел од нашите предложени мерки, …

Заев: Третиот сет мерки се за помош на граѓаните и фирмите, но и за развој на економијата Read More »

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица


„Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа“, рече денес лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање да го открие идентитот на човекот со кој зборува на снимка објавена на интернет. Александар Верушевски е син на разузнавачот …

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица Read More »

Во градинките во Центар ќе се дезинфицираат речиси 2.000 душеци


Активности за дезинфекција и санитизација на детските и бебешките душеци во сите градинки во општината Центар најавија денеска во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, градоначалникот Саша Богдановиќ и претставници од компанијата „Clean Max“. Со користење на современа технологија и револуционерен систем за дезинфекција ќе се санитизираат, чистат, освежат и заштитат површините на душеците …

Во градинките во Центар ќе се дезинфицираат речиси 2.000 душеци Read More »

МФ: Македонија најдобра во регионот во спроведување на препораките од ЕУ за економски реформи


Македонија годинава е најдобра во регионот во однос на препораките на Европска комисија од Програмата за економски реформи, за периодот од мај 2019 година до јануари 2020 година, кои се однесуваат на реформски мерки за јакнење на финансиската стабилност и креирање на работни места. Исто така, Европската комисија позитивно ги оцени нашите политики за справување …

МФ: Македонија најдобра во регионот во спроведување на препораките од ЕУ за економски реформи Read More »

Во Британија речиси 43.000 починати од корона вирус


  Според официјалните податоци, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во велика Британија достигна речиси 43.000, јави Ројтерс. Велика Британија по бројот на смртни случаи е на второ место во светот по САД. Новите официјални податоци за Англија и Велс покажуваат дека во Велика Британија умреле најмалку 42.990 луѓе, што ги вклучува претходно објавените податоци …

Во Британија речиси 43.000 починати од корона вирус Read More »

Потпишани договори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште


Министерството за економија денеска ги потпиша договорите со инвеститорите за изградба на фотовонапонски централи на приватно земјиште за тендерот објавен минатата година за доделување премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали. Од денеска ќе започне изградбата на неколку од нив, информираше ресорниот министер Крешник Бектеши. -Успешно го спроведовме тендерот за изградба на фотонапонски централи …

Потпишани договори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште Read More »