Во Србија 34 нови случаи на Ковид-19, починаа тројца


Според најновите податоци на Министерството за здравство на Србија денеска се потврдени 34 случаи на заболени од Ковид-19 од 5.298 тестирани.
Во последните 24 часа починаа тројца, со што бројот на починати се искачи на 234.
Во болница се 808 пациенти, на респиратори се 15, додека оздравени се 4.904.