Во Свети Николе нема заболено лице од корона вирус

Во денешниот здравствен билтен за новозарезени пациенти со корона вирус се нотира и случај од Свети Николе, но попладнево од Општинскиот кризен штаб информираат дека Свети Николе и понатаму успешно се справува со ширењето на вирусот, а денешниов случај е од соседната помала Општина Лозово.

-Се известуваат граѓаните на Општина Свети Николе дека согласно последните информации за заболено лице од Ковид-19, каде се споменува лице дека е заболено од Свети Николе, ве информираме дека се работи за лице од Општина Лозово, за кое е издадено решение за самоизолација. Со ова во Општина Свети Николе се уште нема заболени лица од корона вирусот, се вели во писменото соопштение од градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој апелира до жителите на неговата општина да се придржуваат и понатаму на мерките и препораките на Владата, како и на Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб.