Клиничките истражувања покажаа дека лекот што го промовираше Трамп не делува на корона вирусот


Кај пациентите кои земаат хидроксихлорокин веројатноста да заболат од Ковид-19 е еднаква како кај оние кои не земаат ништо, што е еден од морето доккзи дека лекот кој чето го промовираше американскиот претседател Донлд Трамп нема никаков учинок на коронавирусот. Речиси 800 доброволци учествувале во испитувањето кое со 9,5 милиони долари го финансираше Фондацијата на …

Клиничките истражувања покажаа дека лекот што го промовираше Трамп не делува на корона вирусот Read More »

Стразбур: Македонија да им исплати отштета на претепаните тинејџери Роми


Пред шест години полицијата во Скопје приведе, малтретираше и тепаше двајца тинејџери Роми за кои се сомневаше само врз основа на темниот тен на кожата дека ограбиле девојка, заради што Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди државата да им исплати отштета од по 7,5 илјади евра, соопшти Европскиот центар за права на Ромите. …

Стразбур: Македонија да им исплати отштета на претепаните тинејџери Роми Read More »

Во САД над 10 милиони случаи на корона вирус


Во Соединетите Американски Држави регистрирани се над 10 милиони случаи на заразени со корона вирус, а само во последните десет дена се пријавени околу милион случаи, што е највисока стапка на инфекција откако државата го пријави првиот заразен во Вашингтон пред 293 дена. Земјата пријави рекордни 131.420 случаи на Ковид-19 во саботата, а пепати пријавуваше над …

Во САД над 10 милиони случаи на корона вирус Read More »

Георги Готев: Власта во Бугарија ги плаќа новинарите што ja фалат


„Бугарските медиуми немаат слобода“, изјави бугарскиот новинар Георги Готев  при добивањето на наградата „Златно пенкало 2020“ на Сојузот на бугарски новинари за бугарски медиуми надвор од Бугарија (електронско издание „Еурактив“). „Познавам многу добри новинари кои ми признаваат дека нивните медиуми не им дозволуваат да пишуваат што мислат. Во исто време, ако ги прочитате нивните медиуми, …

Георги Готев: Власта во Бугарија ги плаќа новинарите што ja фалат Read More »

Јувентус сака да го продаде Роналдо


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот на лето, објави „АС“. Според изворот, раководството на актуелниот италијански шампион сака да го растовари платниот список и да заработат пари од евентуалниот трансфер на 35-годишниот Португалец. „Старата дама“ е подготвена да се раздели од напаѓачот за 100 милиони евра Во тековната сезона на Серија …

Јувентус сака да го продаде Роналдо Read More »

Трговската размена помала за 14,1 отсто од лани, пад на извозот за 15,2 отсто


Вкупно 9.396.015.000 евра изнесуваше трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, што е за 14,1 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит е 1.282.935.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто. Вкупната вредност на извозот е 4.056.540.000 евра и …

Трговската размена помала за 14,1 отсто од лани, пад на извозот за 15,2 отсто Read More »

Во Русија регистриран рекорден број на новозаболени од корона вирус – 21.798


Во Русија во последните 24 часа се потврдени нови 21.798 случаи на корона вирус, што е најголем број на инфекции во еден ден, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот. Тасс пренесува дека ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи е над 20.000. Во истиов период, од последиците на Ковид-19 умреле …

Во Русија регистриран рекорден број на новозаболени од корона вирус – 21.798 Read More »

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре


Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре. На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари. Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека …

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре Read More »

Евакуација на Флорида поради тропската бура Ета


Американската држава Флорида ги затвори плажите, местата за тестирање на коронавирус, јавниот превоз и нареди евакуација на голем број луѓе, бидејќи се засилува тропската бура Ета, носејќи силен дожд на веќе поплавените улици во градовите. Како што пренесуваат американските медиуми, на Флорида има смртни случаи како резултат на бурата Ета, а повеќе од 100 лица …

Евакуација на Флорида поради тропската бура Ета Read More »

Трамп под притисок да го признае Бајден


Претседателот на САД, Доналд Трамп се соочува со притисок да соработува со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за да се направи што е можно полесно предавање на власта во јануари, пренесуваат американските медиуми. Општата служба на администрацијата на Трамп има за задача официјално да го признае Бајден за претседател, со што би започнал трансферот …

Трамп под притисок да го признае Бајден Read More »

Азески: Бизнисот бара брзи и одлучни решенија, а не дискусии


Не дискусии, туку брзи и одлучни решенија базирани на реални проценки, му се потребни на бизнисот во овој момент. Да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само …

Азески: Бизнисот бара брзи и одлучни решенија, а не дискусии Read More »

Уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата


Уставни судии си изгласале додатоци на плата во висиона од 35 отсто, објави СДК,  но без одлуката да им биде одобрена законски од Собранието.Одлуката била донесена на 22 октомври и била вметната во Деловникот за работа. Како што објасниле од таму, сакале да имаат исти права како преостанатите судии и обвинители. За уставните судии не …

Уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата Read More »

Тројца затвореници загинаа, а 64 се повредени во нови немири во затвор на Филипините


Тројца затвореници се убиени и  64 други се повредени во денешните немири во националниот затвор Нов Билибад, на Филипините, соопштија официјалните ица, јави ДПА. Портпаролот на Бирото за санкциии Габриел Чаклаг изјави дека затворските власти ја испитуваат причината за немирите, што избувнаа во делот со максимално обезбедување нао затворот, додава агенцијата. -На персоналот кој беше …

Тројца затвореници загинаа, а 64 се повредени во нови немири во затвор на Филипините Read More »

Војник застрела други војници на аеродром во Русија


  Воен службениј денеска пукал во три лица на воен аеродром во близина на рускиот град Волоњеж, по што се забарикадира. Тој почнал да пука со пушка која ја зел од еден офицер, пренесе Тасс. Како што се наведува, едно од застреланите лица преживеало и е во префрлено во болница во критична состојба. Воениот аеродром …

Војник застрела други војници на аеродром во Русија Read More »

Интервју со Бојан Маричиќ: Од успехот на судските реформи зависи и успехот на Владата


Нашата врвна цел е навремена правда за сите, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. За таа цел треба да се обезбеди и поголем број судии и обвинители кои би се добиле преку прилагодена програма за обука на искусните стручни соработници, која би траела една наместо две години   Љупчо Поповски Министерот за правда е свесен …

Интервју со Бојан Маричиќ: Од успехот на судските реформи зависи и успехот на Владата Read More »

До 30 ноември затворени копнените граници на Грција


Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември, јави дописничката на МИА од Атина. Едната одлука, се однесува на привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, …

До 30 ноември затворени копнените граници на Грција Read More »

Белградската Арена речиси полна: Останаа само 101 место за пациенти


    Во привремената болница Арена во моментот се сместени 409 ковид пациенти, вели еден од координаторите д-р Влад Батножиќ. Додава дека Арена може да прими уште 101 пациент. Батножиќ вели дека вчера биле примени 31 пациент, дека таа брзо се полни и дека наскоро ќе бидат пополнети сите капацитети од 510 кревети. „Клиничката слика …

Белградската Арена речиси полна: Останаа само 101 место за пациенти Read More »

„Политико“: Силеџиството може функционира во подземјето на Софија, но не во ЕУ


Амбасадорите одржаа состанок во петокот за да излезат од ќор-сокакот околу преговорите, но не успеаја да ја убедат Бугарија да се придвижи, што предизвика растечка фрустрација кај дипломатите во ЕУ. Според нив, оваа земја ја држи заробена важната европска агенда со целосно домашен проблем, кој најдобро би се решил билатерално со Северна Македонија, тврди порталот …

„Политико“: Силеџиството може функционира во подземјето на Софија, но не во ЕУ Read More »

Тачи ќе се појави пред судот во Хаг


Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, денеска во 15 часот првпат ќе се појави пред судот во Хаг. Еден од основачите и челните луѓе на Ослободителната војска на Косово ОВК ќе се појави пред судот за да биде запознаен со обвинението и ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен или не. Тој може …

Тачи ќе се појави пред судот во Хаг Read More »

Одложени две рочишта за „ТНТ“


Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ нема да се одржи поради здравствени пречки на надлежниот обвинител, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Одложено е и следното рочиште што беше закажано за 11 ноември, за што странките се веќе известени. Продолжението на главната расправа „ТНТ“ ќе биде закажано откако за тоа ќе бидат створени услови, информираат од Кривичниот …

Одложени две рочишта за „ТНТ“ Read More »