Во САД над 10 милиони случаи на корона вирус


Во Соединетите Американски Држави регистрирани се над 10 милиони случаи на заразени со корона вирус, а само во последните десет дена се пријавени околу милион случаи, што е највисока стапка на инфекција откако државата го пријави првиот заразен во Вашингтон пред 293 дена.

Земјата пријави рекордни 131.420 случаи на Ковид-19 во саботата, а пепати пријавуваше над 100.000 заразени во изминатите седум дена.

Најновиот извештај на САД за седумдневен просек од 105.600 дневни случаи, зголемен за најмалку 29 проценти, е повисок од комбинираниот просек за Индија и Франција, двете најтешко погодени земји во Азија и Европа.

Од Ковид-19 починаа повеќе од 237.000 Американци.