Уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата


Уставни судии си изгласале додатоци на плата во висиона од 35 отсто, објави СДК,  но без одлуката да им биде одобрена законски од Собранието.Одлуката била донесена на 22 октомври и била вметната во Деловникот за работа. Како што објасниле од таму, сакале да имаат исти права како преостанатите судии и обвинители.

За уставните судии не постои таков закон, како за судиите и обвинителите, чии надоместоци се регулирани со посебни закони за плати, поради ризиците кои ги носи нивното работење.

Уставните судии земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а и нема ризик по нивната работа бидејќи не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија.  Надоместоците од 35 отсто следуваат за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.