Георги Готев: Власта во Бугарија ги плаќа новинарите што ja фалат


„Бугарските медиуми немаат слобода“, изјави бугарскиот новинар Георги Готев  при добивањето на наградата „Златно пенкало 2020“ на Сојузот на бугарски новинари за бугарски медиуми надвор од Бугарија (електронско издание „Еурактив“).

„Познавам многу добри новинари кои ми признаваат дека нивните медиуми не им дозволуваат да пишуваат што мислат. Во исто време, ако ги прочитате нивните медиуми, ќе видите дека тие пишуваат некоја измислена реалност што нема никаква врска со вистината.Протестите им помогнаа не само на новинарите, туку и на луѓето – да започнат да ги нарекуваат работите со нивните вистински имиња. Голем резултат на протестите е исчезнувањето на стравот. Дури и телевизијата и медиумите кои ја „чуваа“ владата не можеа да ги избегнат и ги покажаа состојбата на протестите, постерите на демонстрантите. Протестите исто така ја натераа Европа да не забележи и ги видовме извештаите, резолуциите за слободата на медиумите. Очигледно,  Бугарија се соочува со големи промени “, оцени Готев.

Зошто странските медиуми се интересираа за Бугарија, беше прашањето на кое Готев вели:

„Во секој случај, не е затоа што некој им плаќа, како што рече Тома Биков пред некое време. Тие се заинтересирани затоа што скандалите кај нас се премногу гласни. На пример, фотографија на која се гледа фиока полна со снопови пари е нешто невидено. И не постои начин западните медиуми, кои обично ја игнорираат Бугарија како мала земја на периферијата на Европа, да не обрнат внимание на такво нешто. Протестите придонесоа исто така за вниманието на странските медиуми кон Бугарија. Слушнавме дека протестите беа слаби, но тие изгледаат поинаку во Брисел – очигледно овие протести значеа дека има многу проблеми во земја-членка на ЕУ, дека граѓанското општество се буди и ова се интересни теми“, вели тој.

Околу преокупираноста со олигарсите во Бугарија тој вели дека е  разбирливо, затоа што не можат да се стават Иво Прокопиев и Делијан Пеевски под еден именител.

„Бојко Борисов може да го нарече Иво Прокопиев олигарх, но Иво Прокопиев е сопственик на весниците „Дневник“ и „Капитал“, кои според бугарските стандарди се светлосни години пред медиумите на Пеевски. „Дневник“ и „Капитал“ имаат добра репутација, вклучително и на Запад, и не случајно е тоа заради квалитетот на нивното новинарство. Весникот „Сега“ е во сопственост на богат човек – Сашо Дончев, но и таму се почитуваат новинарски стандарди. Не случајно нивниот новинар, Мартин Георгиев, исто така беше почестен од Сојузот на бугарски новинари. Многу се зборува дека во Франција, сопствениците на медиуми се исто така олигарси. Да, но тие не се мешаат во уредничката политика, за разлика од тоа што се случува во медиумите на Пеевски “, посочи Готев.

Тој посочи дека како новинар не би прифатил награда од која било организација, но признанието на Сојузот на бугарски новинари е чест за него.

„Затоа што не се поткупени, иако се релативно сиромашна организација и тоа не е случајно, затоа што властите во Бугарија им ги даваат парите на оние што ги фалат “, рече Готев.