Клиничките истражувања покажаа дека лекот што го промовираше Трамп не делува на корона вирусот


Кај пациентите кои земаат хидроксихлорокин веројатноста да заболат од Ковид-19 е еднаква како кај оние кои не земаат ништо, што е еден од морето доккзи дека лекот кој чето го промовираше американскиот претседател Донлд Трамп нема никаков учинок на коронавирусот.

Речиси 800 доброволци учествувале во испитувањето кое со 9,5 милиони долари го финансираше Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Лекот нема учинок
Сите учесници на истражувањето имаче член на семејството или близок контакт позитивен на корона вирус. Без некои посебни правила било одредено кој од нив 14 денеа ќе добива хидроксихлорокин, а кој плацебо.

ДОброволците се тестирале секој ден. Во групата која примала дневна доза хидроксихлорокин се заразиле 46 луѓе, а во другата 43.

Разликата е статистички неважна, што значи дека лекот немал учинок, вели водителката на истражувањето, д-р Руен Барнабес.

Со истражувањето не се пронајдени ни докази според кои хидроскихлорокинот ги ублажува симптомите по избивање на инфекцијата.

„Мислам дека резултатите се во согласност со поранешните истражувања кои покажаа дека нема докази според кои овој лек има важен клинички учинок на превенција или лечење на Ковид“, вели таа.

И поранешните истражувања на лекот, изворно наменет за лечење маларија покажаа дека тој нема ефект врз корона вирусот.