Белградската Арена речиси полна: Останаа само 101 место за пациенти


 

 

Во привремената болница Арена во моментот се сместени 409 ковид пациенти, вели еден од координаторите д-р Влад Батножиќ.

Додава дека Арена може да прими уште 101 пациент.

Батножиќ вели дека вчера биле примени 31 пациент, дека таа брзо се полни и дека наскоро ќе бидат пополнети сите капацитети од 510 кревети.

„Клиничката слика кај сите пациенти е потешка, затоа што полесните пациенти се во ковид амбулантите. Околу 250 болни се на кислородна терапија’, додава Батножиќ.