Трговската размена помала за 14,1 отсто од лани, пад на извозот за 15,2 отсто


Со зголемените три денари до декември годинава ќе се добијат 31 милион евра, што е сепак, помалку од планот што првично беше проектиран во Буџетот за оваа година

Вкупно 9.396.015.000 евра изнесуваше трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, што е за 14,1 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит е 1.282.935.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто.

Вкупната вредност на извозот е 4.056.540.000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5.339.475.000 евра, што е намалување за 13,2 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.