БиХ забележа нови 127 новозаразени со корона вирус


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се вкупно 127 случаи на зараза со корона вирус, од кои 35 се во Федерацијата, 90 во Република Српска и двајца во Дистриктот Брчко. Во Федерацијата биле тестирани 779 примероци, од кои 35 позитивни. Вкупно досега се тестирани 110.732 примероци,а потврдени 10.867 позитивни случаи. Излечени […]

Јавен повик за ангажирање невработени лица во Општина Аеродром


Општина Аеродром објави јавен повик за ангажирање на евидентирани невработени лица на работното место „образовен асистент“ и „помагател на стари лица“ во време траење од девет односно седум месеци, со скратено раборно време, за месечена плата од 9.000 денари. -Се повикуваат сите евидентираните невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, […]

Грција и Бугарија ќе градат пловна станица за течен природен гас во Александруполи


Националниот оператор во Бугарија за природен гас, компанијата „Булгартрансгас“, преку преземени 20 отсто од акциите во грчката компанија „Гастрејд“, учествува во проектот за терминалот за течен природен гас во близина на Александруполи во Грција, што ќе претставува нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна […]

Во Австрија почна потрагата по виновници за 15-часовниот пекол на границата


Сообраќајот е во огромен застој на границата помеѓу австриската покраина Корушка и Словенија цел викенд – заради регулативата за корона. Илјадници туристи мораа да останат во своите автомобили до 15 часа. Гневот е голем и потрагата по виновници започна. Луѓе кои ја минале ноќта на асфалтот на автопатот, деца што плачат, жени во одмината бременост […]

Поднесено обвинение за Антонио Милошоски во предметот „Моќник”


Освен за Милошски обвинителен акт е поднесен и за неговиот татко и поранешниот градоначалник на Македонски Брод. За други десетмина (сите членови на Комисијата за лустрација) поднесен е обвинителен предлог   Основното јавно обвинителство-Скопје денеска поднесе обвинение за случајот „Моќник“, во кое обвинети се сите 13 лица што беа опфатени во истрагата, меѓу кои и […]

Нови 78 заразени со Ковид-19, починаа четворица


Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 28 – Куманово 5 – Дебар 4 – Прилеп 8 – Тетово 4 – Битола 1 – Охрид 1 – Кавадарци 2 – Гостивар 8 – Радовиш 1 – Кочани 2 – Пробиштип 1 – Македонски […]

Седумте величествени: Кои се компаниите кои вредат вкупно 7,7 билиони долари


Технолошките гиганти доминираат на американскиот пазар на капитал. „Епл“ сега вреди повеќе од 2 илјади милијарди долари. Компаниите во групата „Фаб 5“ – „Епл“, „Амазон“, „Мајкрософт“, „Алфабет“ („Гугл“) и „Фејсбук“ – вкупно вредат на пазарот повеќе од 7 илјади милијарди долари, објави „Си-ен-ен“. Ако на овој список се додадат „Тесла“ и „Нетфликс“, „Седумте величествени“ кои […]

Во Хрватска нови 136 заболени, двајца починаа


  Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 136 нови случаи со корона вирус. Во моментот има 2.213 активни случаи. Во истиот период починаа двајца пациенти, а вкупно во Хрватска од Ковид-19 имаа 173 жртви. Тестирани биле 1.722 лица, а од вчера во болница се примени уште 16 пациенти.

Цените на горивата остануваат исти


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 […]

Со презентација на материјални докази продолжува судењето за „ТНТ“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за „ТНТ“ со презентација на дел од материјалните докази на обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната. Ваквиот начин на презентација, информираат од Основниот кривичен суд е со цел економичност на постапката, со оглед да истите докази веќе биле презентирани пред судењето да почне […]

Банките предвреме ќе ја исплатат августовската пензија, пензиите достапни од 26 август


Банките и овој месец  предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии, информираат од Македонската банкарска асоцијација.  Сите пензионери кои поседуваат дебитни картички, во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија, а готовинската исплата ќе се спроведе во групи на 26, 27и 31 август и на 1 септември. Готовинската исплата […]

Град Скопје предвидува вработувања што не очекува дека ќе се остварат


  Град Скопје реагира во врска со објавите во некои медиуми во кои се тврди дека годинава ќе вработи 91 лице, а за догодина се планираат 94 нови вработувања, од кои 30 ќе бидат пожарникари, а 64 административци. Според тие информации, тоа се предвидува со годишниот план за вработување за 2021 година, кој треба да […]

Дождливото време ги намножи комарците, утре вонредно прскање


Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци. Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира во вторник 25 август  и среда 26 август во раните утрински часови. Доколку […]

Овој петок неработен за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед. Воедно, Министерството им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица на православните верници.

Франција реципрочно ќе воведе 14-дневен карантин за Британците


Франција донесе одлука реципрочно да возврати на 14-дневниот карантин, воведен од Велика Британија за патниците од Франција, така што сите патници од островот ќе бидат обврзани да поминат две недели во карантин, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француската влада Клеман Бон во интервју за француската државна телевизија. – За овие мерки во […]

Манчевски: Најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт


Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, верува дека денеска или утре ќе биде поднесен предлогот за влада и брзо ќе биде изгласана новата влада, така што најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт. Во однос на изборот на собраниските комисии и тела, Манчевски рече дека очекува […]

Ахмети не го дава Бујар Османи


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема намера да го промени списокот на министри предложени за новиот владин кабинет. Како што пренесе агенцијата ИНА, Артан Груби ќе биде министер за политички систем, додека Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, а со цврста поддршка зад нив стои Ахмети. Денеска ќе се организира последната средба со […]

Се повеќе барања за помош од социјално загрозените граѓани


Мрежата на невладини организации „Сите сите“ бара од Градот Скопје поддршка со цел да го зголеми својот капацитет на работа во услови на зголемен број барања за помош од социјално загрозени граѓани погодени од кризата предизвикана од Ковид-19. Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата „Ајде Македонија“ и координатор на мрежата „Сите сити“, која брои 15 активни […]

Ахмети потврди: Ќе сведочам во Хаг како еден од основачите на ОВК


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Хаг на 2 и 3 септември. Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, преку соопштение на Фејсбук, во кое напиша дека е повикан и оти […]

Сојузот на средношколци идниот понеделник со протест ќе бара комбинирана настава


Сојузот на средношколци информира дека за понеделник, 31 август, го одложува протестот што го најави за петок затоа што 28 август е неработен ден за верскиот празник Голема Богородица. Протестот ќе биде против одлуката за целосно онлајн-настава. Сојузот се залага за комбиниран модел и каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Според […]