Орбан летува на Јадранот, а ги советува Унгарците да не доаѓаат на Балканот


Говорејќи на локалното радио, Орбан ги повика Унгарците да не планираат патување во странство по 1-ви септември. Тој особено повика да не се патува јужно од Унгарија. Иако тој не го спомна Балканот по име, очигледно е дека унгарскиот премиер се осврна на јадранскиот брег и целото подрачје. Инаку , додека унгарските власти ги повикуваат […]

Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД


Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември. Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД. Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со […]

Финската премиерка предлага да се работи шест наместо осум часа дневно


Финската премиерка Сана Марин денеска повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност. Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување […]

Најмалку 90 лица под урнатини на една зграда во Индија


Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останаа заробени под урнатините на зграда со 40 станови што се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар на Мумбај, соопшти полицијата. Властите соопштија дека спасувачите успеале да извлечат 28 лица, а сè уште не е потврдено дали има загинати или повредени. На фотографиите од самото место се гледа […]

Адам Михник: Путин е ученик на Лукашенко


Прославениот полски дисидент, мислител, а потоа и главен уредник на познатиот весник „Газета виборча“, Адам Михник, вели дека белоруските демократи сега не се борат само за себе, „туку и за демократијата во Украина, демократијата во Русија, демократијата во Полска, како и демократијата во балтичките земји. Денес, белоруската борба е најважната борба за демократија во целост […]

Лавицата Јулија: Која е сопругата на отруениот Навални, жесток критичар на Путин?


Да не е со цврст карактер, Јулија Навалnи, дипломирана економистка, тешко би ги поднела 19-те апсења на својот сопруг од 2011 година кога за прв пат е осуден на 15-дневна затворска казна поради бунт кон државната власт до ланскиот август кога е притворен заради незаконски протести. Лани во притворот доби алергија, но се сомневаше на […]

ЕУ разговарала со пет компании за набавка на вакцина


Европската комисија остварила разговори со компанијата „Модерна“ од Тексас за евентуална набавка на идните вакцини против Ковид-19, објавено е денеска во Брисел. Американска „Модерна“ е петта компанија со која Европската комисија, во име на земјите членки на ЕУ, имаше разговори за набавка на потенцијална вакцина против новиот коронавирус за европскиот пазар. За ЕУ за сега […]

Нема две плати за министрите што станаа и пратеници


Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на […]

Берлинската болница потврди: Навални е отруен


  Берлинската болница „Черити“, во која е сместен и се лекува водачот на опозицијата во Русија, Алексеј Навални, потврди дека тој е отруен. „Клиничките резултати од тестирањето укажувата на тоа дека Навални е отруен“, стои во соопштението на берлинската болница кое го објави еден од уредниците на „Дојче веле’“. „Лекарскиот тим го прегледа пациентот детално […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Милошоски е цел на политички прогон


ВМРО-ДПМНЕ смета дека Антонијо Милошоски е цел на прогон од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од оваа партија само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев и за негова спрега со обвинителството и судството. -Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за […]

СЗО: 172 земји учествуваат во глобалната иницијатива „Ковакс“


Светската здравствена организација денеска соопшти дека 172 држави учествуваат во глобалната иницијатива „Ковакс“, чија цел е да се обезбеди рамноправен пристап до идните вакцини против коронавирусот, и истакна дека се потребни повеќе средства за развој на вакцина. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека иницијативата е клучна за ставање крај на пандемијата на Ковид-19, како и дека „таа не само што […]

Тегнел не очекува втор бран на пандемијата на есен во Шведска


Шведска најверојатно ќе се соочи со појава на локални жаришта на коронавирусот а есен, додека појава на втор бран на епидемијата не се очекува во овој период, објави денеска шведскиот водечки епидемиолог Андерс Тегнел. Шведска поинаку се бореше против пандемијата на Ковид-19 од другите земји, и не ја затвори економијата, ниту повеќето училишта, ниту пак […]

Инфекцијата во Психијатриската болница во Демир Хисар ставена под контрола


БИТОЛА – Една недела, од минатиот понеделник, не е дијагностициран новозаболен од корона вирус во Демир Хисар, вклучително и во Психијатриската болница во овој град каде за многу кус период беа потврдени 24 позитивни на Ковид-19. Во Демир Хисар од почетокот на кризата потврдени се 60 случаи на Ковид-19, од кои активно болни се околу […]

Вонредното прскање против комарците одложено за среда


Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци за 25.08.2020 година (вторник) се одложува за наредниот ден. Поточно, вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година […]

СДСМ го зголеми мнозинството во Советот на Општина Штип


ШТИП – Маријана Рогожарска-Поповска (32) дипломирана правничка и досегашен координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата денеска е избрана за нов претседател на Советот на Општина Штип. Изборот дојде по неотповикливата оставка на оваа функција на Јане Миланов, а во расправата и на гласањето не учествуваа советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ја […]

Поблиску до ќерка си Меган Маркл: Дорија Рагланд се сели во гостинската куќа во Монтесито


Еден од првите проекти што ги презедоа принцот Хари и Меган Маркл во нивниот нов дом во Монтетито, Калифорнија, е да претворат една од гостинските куќи во простор за мајката на Меган, Дорија Рагланд. Уште оваа пролет, беше објавено дека Хари и Меган сакале Дорија да се пресели со нив со полно работно време. Меган […]

Италија започна клинички испитувања за вакцина против Ковид-19


Италија започна клинички испитувања за потенцијална вакцина против Ковид-19, приклучувајќи се на глобалните напори за борба против пандемијата. Институтот „Лазаро Спаланчани“, болница специјализирана за заразни болести, ќе спроведе клиничко испитување на 90 волонтери во текот на следните неколку недели. Од Институтот изразуваат надеж дека вакцината би можела да биде достапна до пролет следната година. Директорот на Институтот, […]

СЗО: Терапијата со плазма е експериментална, потребни се уште докази


Светската здравствена организација соопшти дека употребата на плазма од страна на пациенти излекувани од Ковид-19 сè уште се смета за „експериментална терапија“ и дека прелиминарните резултати што укажуваат на нејзината можна ефикасност сè уште не се „убедливи“. Сума Сваминатан од СЗО изјави дека конвалесцентната плазма се користела како терапија за голем број заразни болести во […]

Фејсбук ќе ѝ плати на Франција 104 милиони евра даночен долг


Францускиот огранок на Фејсбук се согласи да плати повеќе од 100 милиони евра даночен долг, вклучително и парична казна, кој ги опфаќа сметководствените години пред 2018 година, објавено е на веб-страницата на француското финансиско списание „Капитал“. Според документацијата до која „Капитал“ имал пристап, на Фејсбук му било наложено да плати вкупно 104 милиони евра долг, […]

На Димитриеска Кочоска не ѝ се допадна заклучокот на Антикоруциска за Ангеловска и ја нарече продолжена рака на Заев


Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денес ја нарече Државната комисија за спречување на корупцијата продолжена рака на Зоран Заев, откако на прес конференција рече дека е шокирана од заклучокот на комисијата за министерката Нина Ангеловска во случајот Еуростандард банка. Таа додаде дека тоа не е само нејзин став, […]