Берлинската болница потврди: Навални е отруен

 

Берлинската болница „Черити“, во која е сместен и се лекува водачот на опозицијата во Русија, Алексеј Навални, потврди дека тој е отруен.

„Клиничките резултати од тестирањето укажувата на тоа дека Навални е отруен“, стои во соопштението на берлинската болница кое го објави еден од уредниците на „Дојче веле’“.

„Лекарскиот тим го прегледа пациентот детално по доаѓањето. Клиничката слика укажува на труење со супстанцата инхибитор холинестераза“, се наведува во соопштението.

Од тимот на лекари што го испитале Навални по неговото пристигнување објаснуваат дека клиничките наоди укажуваат на „интоксикација од супстанција од инхибитори на холинестераза во класата на лекови“. Тие додааваат дека допрва треба да ја утврдат точната супстанца, за што иницирале „широка анализа“.

Инхибиторите на холинестераза генерално се користат за лекување на Алцхајмерова болест и деменција, а можат да се користат и како инсектициди.

Навални и понатаму е во индуциарана кома. Неговата состојба е сериозна, но животот не му е во непосредна оспасност, стои во соопштението.

Во согласност со дијагнозата, пациентот се лечи со атропин. Исходот од лечењето е несигурен, а дополнителните последици, особено во контекст на нервниот систем, во овој момент не можат да бидат исклучени. Лекарите се во блиска комуникација со неговата сопруга. Во договор со неа одлучено е јавно споделување на податоците за здравјето на Навални.

Водачот на руската опозиција се разболе во авионот од Томск до Москва минатата недела, по што е префрлен на лекување во Берлин.