ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Милошоски е цел на политички прогон


ВМРО-ДПМНЕ смета дека Антонијо Милошоски е цел на прогон од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од оваа партија само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев и за негова спрега со обвинителството и судството.

-Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за репрекусии и притисоци врз сите политички неистомисленици.Има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката Евростандард скандал тежок 200 милиони евра, беспоговорно  се краде народот.

Целта е да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците. Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ, стои во реакцијата на опозицијата.

Претходно и Антонијо Милошоски напиша дека обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон  неистомислениците, откако беше соопштено дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, во кое е опфатен и тој.