Орбан летува на Јадранот, а ги советува Унгарците да не доаѓаат на Балканот

Виктор Орбан за време на самитот на европските лидери на 20 јули во Брисел (Фото: Ројтерс)

Говорејќи на локалното радио, Орбан ги повика Унгарците да не планираат патување во странство по 1-ви септември. Тој особено повика да не се патува јужно од Унгарија.

Иако тој не го спомна Балканот по име, очигледно е дека унгарскиот премиер се осврна на јадранскиот брег и целото подрачје.

Инаку , додека унгарските власти ги повикуваат луѓето да го заменат Јадранот со езерото Балатон, самиот Орбан го мина летото на јадранскиот брег. Така, тој беше виден како крстари околу централните далматински острови.

„Не сакам да се мешам во личниот животен стил, навиките и плановите на Унгарците, но со должна почит и претпазливост, ги замолувам сите да не организираат патување во земји јужно од Унгарија“, рече Орбан.