Во Хрватска нови 136 заболени, двајца починаа


 

Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 136 нови случаи со корона вирус.

Во моментот има 2.213 активни случаи.

Во истиот период починаа двајца пациенти, а вкупно во Хрватска од Ковид-19 имаа 173 жртви.

Тестирани биле 1.722 лица, а од вчера во болница се примени уште 16 пациенти.