Дисидентите во ВМРО-ДПМНЕ бараат Мицкоски да закаже вонреден конгрес


Секој ден по една изјава за барање оставка од Христијан Мицкоски – така засега ја конципираат својата стратегија незадоволните во ВМРО-ДПМНЕ од ситуацијата во нивната партија и раководењето на Мицкоски. Денеска, поранешниот градоначалник на Дојран и член на иницијативниот одбор за свикување на нов конгрес, Борче Стамов, изјави дека поддршката за нивните барања раснела од […]

Десет земји немаат корона вирус, но се економски погодени


Пандемијата на корона вирусот го зафати целиот свет, освен 10 земји каде нема вирус, но нивните економии се силно погодени, пренесува Би-Би-Си. Земји без евидентирани случаи на Ковид-19 се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга. Би-Би-Си наведува дека во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е […]

Министерката Ангеловска можела да знае податоци за Еуростандард банка


Министерката за финансии Нина Ангеловска не го знаела денот кога и дали ќе се случи донесувањето на одлуката за стечај на Еуростандард банка, во времето кога ги носела своите одлуки, но била во позиција да ги има тие информации со што ја става во состојба на судир на интереси. Ова денес на прес конференција го […]

Игли и шприцови во контејнер, инспекторите го бараат виновникот


Во текот на акциите за време на викендот, кои ги спореведе градскиот инспекторат во Скопје, во контејнер за комунален отпад поставен во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, пронајден бил несоодветно фрлен медицински отпад односно шприцови. Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што […]

Во поплавите во Турција настрадаа шест, а за исчезнати се водат десет лица


Шест лица загинаа, а десет се водат за исчезнати во поплавите во северниот дел на турскиот црноморски  брег. Поплавите се предизвикани од неколкудневните поројни дождови, што се необична појава за овој дел од Турција, пренесува агенцијата Анадолија. Граѓаните самостојно ги отстрануваат штетите од поплавите, а екипите за спасување постојано трагаат по исчезнатите лица. Неколку патни […]

Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 во австралиската држава Викторија


Австралиската држава Викторија денеска забележа најмало дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирус во изминатите седум недели. Регистрирани се 116 новозаразени лица и 15 починати. Претходно овој месец беше забележано рекордно дневно зголемување од 700 нови заразени, по што следеше пад на бројот на нови случаи на коронавирус, во најголем дел поради целосниот карантин […]

Утре нестабилно, од среда топло со температура до 38 степени


Нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат метеролозите за утре, а од среда стабилизирање и пораст на температурата. Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Температуата ќе се движи утринската од 13 до 20, дневната од 24 до […]

Природно породување или царски рез: Предности и опасности


САД – Oколу една третина од бебињата денес се раѓаат по царски рез. Некои жени одлучуваат да се породат на овој начин самостојно, додека други немаат друг избор, односно, лекарите решаваат да закажат царски рез ако утврдат дека тоа е побезбедно за мајката. Болничарката Шери Бејлс смета дека е најважно бебето и мајката да бидат здрави и […]

И покрај корона кризата „Ербиенби“ излегува на берза


Компанијата за споделување сместувачки услуги „Ербиенби“ (Airbnb) соопшти дека поднела барање за излегување на берза, по многу нестабилната 2020 година кога поради глобалната криза од пандемијата на корона вирусот, профитот се преполовил во однос на претходната година, пишува „Стартит“. Се шпекулира дека одлуката била под влијание на работниците кои се вработени во компанијата уште од […]

Верижен судар кај Охрид, повредени тројца


Во неделата, во 7.45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од село Порој, тетовско, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од […]

Повик за 35 медијатори кои ќе им помагаат на ученици Роми во основното образование


До 28 август трае рокот за пријавување на јавниот повик на Министерството за образование и наука за ангажирање 35 ромски образовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2020/2021 година. Право да аплицираат имаат лица од општини со поголем број ученици од ромската етничка заедница: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир/Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, […]

Градежниците во странство сработиле за една третина помалку од лани


Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 192.404.000 (околу 3,12 милиони евра), што е за 16,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни […]

Австрија протерува руски дипломат поради шпионажа


Австрија првпат донесе одлука да прогласи руски дипломат за „персона нон грата“ и побара до 1 септември да ја напушти Австрија, што претставува врвот на шпионската афера, која австриските експерти ја сметаат за многу тешка. Рускиот дипломат е осомничен дека со години се занимавал со економска шпионажа, првенствено со хај-тек компании. Аферата е откриена откако […]

Австралиец добил џекпот со бројки што ги играл 50 години


Жител на градот Ред Хил, Квинсленд, Австралија, доби џекпот благодарение на комбинацијата што семејството ја игра повеќе од 50 години. Џекпотот чини над 700.000 австралиски долари. Среќникот го купил лозот за извлекувањето од понеделникот, 17 август. Ги внел вообичаените лото-бројки и за првпат во 50 години, ги погоди. – Тоа се некои од датите на […]

Три жени од тетовско село пријавиле дека еден маж ги обљубил нивните малолетни ќерки


На 22.08.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Тетово, три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки. За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol […]

Пожари во Калифорнија: 14.000 пожарникари, 250.000 евакуирани


Три масивни шумски пожари беснеат на северот на Калифорнија. Пожарникарите се обидуваат да го сопрат ширењето на огнот, а речиси четврт милион луѓе се во процес на евакуација. Во планините Санта Круз, јужно од Сан Франциско, пронајдено е безживотно тело на 70-годишен маж чије исчезнување било пријавено минатата недела, пренесе АП: „Ова е еден од […]

Полициско насилство во Германија: „Брате, тоа не е смешно!“


Снимки од полициски акции во германски градови од викендот кружат на интернет. Тие делумно потсетуваат на постапките на полицијата во САД, па дебатата околу полициско насилство повторно се разгорува. Видеото кое се шири на интернет трае само 15 секунди. На него се гледа полицаец кој со колено ја притиска главата на лице кое лежи на […]

Јужнокорејски дипломат тврди дека Ким Џонг-ун е во кома и дека власта ја презела неговата сестра


Jужнокорејскиот дипломат Чанг Сонг-мин тврди дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“. Поранешниот помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошената здравствена состојба на нејзиниот лидер и вели […]

Природни лекови за болка, грчеви и раздразливост во ПМС


Ослободете се од проблемите кои влијаат на околу 80 проценти од женската популација секој месец … Ако ги прашате жените, едно од најомразените објаснувања за нивната нервоза и раздразливост е припишувањето на овие состојби на ПМС. За жал, повеќето жени се чувствуваат вака во периодот пред циклусот. Истражувањата покажуваат дека дури 80 проценти од жените […]

Советничката во Белата куќа, Келиен Конвеј, најави заминување од тимот на претседателот Трамп


Советничката во Белата куќа и претставничка за печат на американскиот претседател, Келиен Конвеј, синоќа соопшти дека на крајот на август ќе го напушти претседателскиот тим, заради, како што наведе, семејни причини. Нејзиното заминување од Белата куќа на два месеци пред ноемвриските претседателски избори, се совпаѓа со најделикатниот период за Трамп, кој води кампања за нов […]