Пожари во Калифорнија: 14.000 пожарникари, 250.000 евакуирани

Три масивни шумски пожари беснеат на северот на Калифорнија. Пожарникарите се обидуваат да го сопрат ширењето на огнот, а речиси четврт милион луѓе се во процес на евакуација.

Во планините Санта Круз, јужно од Сан Франциско, пронајдено е безживотно тело на 70-годишен маж чије исчезнување било пријавено минатата недела, пренесе АП:

„Ова е еден од најмрачните периоди низ кои поминуваме“, озјави заменик-шерифот на Сната Круз, Крис Кларк.

Тој е седмата жртва на повече од 650 пожари во Калифорнија во асмо една недела.

На терен се 14.000 пожарникари, 2.400 противпожарни возила и 95 авиони кои непрекинато се борат со огнената стихија.

Сите пожари, тврдат надлежните, избиле по удар на гром, а нив од 15 август ги имаше околу 12.000.

Условите се погодни за ширење на огнот затоа што температурите се високи, влажноста на воздухот ниска, громовите чести, а ветрот достигнува брзина од 105 километри на час.

„Се створија предуслови ситуацијата да биде вака пеколна“, предупреди Марк Брунтон, командир на една калифорниска противпожарна станица.