Градежниците во странство сработиле за една третина помалку од лани

Фото: Борис Грданоски

Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 192.404.000 (околу 3,12 милиони евра), што е за 16,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 53.576.000 денари (околу 871,15 илади евра), што е за 31,8 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2020/2019 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 54,9518 денари.