Во Австрија почна потрагата по виновници за 15-часовниот пекол на границата

Ситуацијата за патниците беше особено трауматична пред тунелот Караванки (Фото: ДПА)

Сообраќајот е во огромен застој на границата помеѓу австриската покраина Корушка и Словенија цел викенд – заради регулативата за корона. Илјадници туристи мораа да останат во своите автомобили до 15 часа. Гневот е голем и потрагата по виновници започна.

Луѓе кои ја минале ноќта на асфалтот на автопатот, деца што плачат, жени во одмината бременост кои мораа да чекаат со часови во автомобилот – сцените што се гледаа во текот на ноќта меѓу саботата и неделата на граничните премини меѓу Словенија и австриската покраина Корушка не потсетуваше на патување дома од летен одмор, туку за кризна состојба.

Многумина туристи кои беа заглавени во сообраќајот до десет часа, особено пред тунелот Караванки, го објавија својот гнев на бројните видеа на социјалните медиуми. „Беа потребни 15 часа“, твитна новинарот на БР, Бернхард Нојхоф, „чекајќи 15 часа во автомобилот“.Весникот „Тиролер тагесцајтунг“ го наслови својот главен текст за застојот во тунелот Караванки овој понеделник со зборовите: „Управување со хаос“.

Сообраќајниот застој настана по налог на австриското министерство за здравство, во кој се наведува дека патниците и имигрантите мора да пополнат писмена изјава, при што контролите биле извршени од австриска страна.

Само кога корушкиот гувернер Петер Кајзер (СПА) нареди непосредна опасност и со тоа само случајни проверки на возачите со австриски и хрватски регистарски таблички ситуацијата се подобри. „Фокусот е ставен на човековата благосостојба“, рече Кајзер во неделата. Сепак, до тогаш Австријците веќе го привлекоа незадоволството на илјадниците транзитни туристи – и на Хрватите кои се директно погодени од предупредувањето за патување.

„Жедни, гладни, уморни и фрустрирани“ беа возачите кои мораа да чекаат со своите семејства со часови на австриската граница од саботата навечер. Ова го напиша хрватскиот весник „24 сата“ откако уредничкиот тим доби неколку лути повици од погодените возачи.

Во написот е прикажано и видеото на една жена како ја снима колоната долга два километри со својот мобилен телефон и изразува лутина за ситуацијата на границата. Откако во саботата таа и нејзиниот сопруг чекаа десет часа пред тунелот Караванки со своите три мали деца, сега ќе треба да стојат и да чекаат повторно, „што – никој не знае за што“, вели жената. „На луѓето на австриската граница очигледно не им е грижа“, вели таа.

Како што објавија разни хрватски медиуми, претставници на хрватската влада оствариле контакт со австриското министерство за надворешни работи и внатрешни работи во неделата наутро.

И Хрватите и Словенците дознале за новите регулативи на министерството за здравство дури во неделата наутро. „Словенечката полиција не беше информирана за промените на австриските погранични власти“, рече за ОРФ портпаролот на полициското одделение Крањ.

Реакциите на надворешната политика беа една работа – министерството за здравство, предводено од Рудолф Аншчобер (Зелените), мораше да се справи со бран критики, особено во однос на домашната политика. „Оваа регулатива не беше договорена“, рече гувернерот Кајзер, в понеделник треба да има разговори со министерството.

Канцеларот Себастијан Курц во текот на неделата со зборовите „вирусот доаѓа со автомобил“, го одреди однесувањето на властите.

Во неделата, на социјалните медиуми се појавија слики од аеродромот во Виена „Швехат“, каде луѓето мораше да се редат пред здравствената контрола – очигледно немаше никаква трага за ефикасна заштита од инфекции. (Зидојче цајтунг)