Со презентација на материјални докази продолжува судењето за „ТНТ“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за „ТНТ“ со презентација на дел од материјалните докази на обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната.

Ваквиот начин на презентација, информираат од Основниот кривичен суд е со цел економичност на постапката, со оглед да истите докази веќе биле презентирани пред судењето да почне од почеток заради измена на судечкиот совет.

За главната расправа по предметот закажани се повеќе термини во следниот период, за како што информираат од Основниот кривичен суд, да се даде поголем интензитет на судењето.

Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.