На крајот на неверојатната недела Елон Маск заработи 770 милиони долари (видео)


Главниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ (SpaceX) Елон Маск го оствари својот детски сон да лансира двајца американски астронаути во вселената. Тој, исто така, само што доби 1,68 милиони опции на акции кои му овозможија исплата на 770 милиони долари. Летот на „Спејс икс“ беше прикажуван во целата земја во саботата и привлече […]

Научна кавга во Италија по тврдењата дека вирусот веќе не постоел во земјата


Научна кавга избувна во Италија откако водечки лекар тврдеше дека корона вирусот „повеќе не постои“ во земјата. „Во реалноста, вирусот клинички веќе не постои во Италија“, рече Алберто Зангрило, раководител на болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, главниот град на северниот регион Ломбардија, која беше најтешко погодена од пандемијата. „Брисевите извршени во текот на изминатите 10 […]

Отворени рестораните и баровите во Финска, Норвешка и Холандија


Луѓето во Финска, Норвешка и Холандија можат да уживаат во долгоочекуваниот пијалак со пријателите од денес, при што трите држави ги отворија баровите по неколкумесечно затворање. Работите нема да бидат како што се сеќаваат на нив, сепак, бидејќи трите влади дозволуваат повторно отворање што е предмет на нови упатства за социјално растојание и пократко време, […]

И Фатмир Битиќи во самоизолација, имал средба со Лукаревска


И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денес е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19. Битиќи веста исто така ја соопшти преку неговиот Фејсбук профил. „После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, […]

СЗО: Нема докази дека вирусот се сменил, мерките да останат


Нема докази дека коронавирусот се сменил, ниту кога станува збор за формата на пренесување, ниту кога е во прашање сериозноста на болеста што ја предизвикува, предупреди денеска епидемиолог на Светската здравствена организација Марија Ван Кирков. – Во однос на пренесувањето, нема промена, во смисла на тежина на болеста, нема промена, рече Кирков на прес-конференција. Таа […]

Лутиот Трамп побара тврд одговор од гувернерите на протестите


Доналд Трамп ги повика американските гувернери и службениците за спроведување на законот да преземат посилен пристап во одговорот на протестите предизвикани од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд. Викендов се случија најраспространетите граѓански немири во САД од атентатот врз Мартин Лутер Кинг во 1968 година. Во групниот повик во понеделникот наутро од кој „Гардијан“ доби снимка, […]

Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против корона вирусот


Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изрази загриженост дека масовните протести во Њујорк поради смртта на Џорџ Флојд може да ја загрозат долгата и тешка борба за сузбивање на пандемијата на корона вирусот. – Вклучете го телевизорот и видете ги овие масовни собири кои можат потенцијално да заразат стотици и стотици луѓе по сè што […]

Нова регионална кошаркарска лига: Клубови од Бугарија, Македонија, Србија и Грција


  Георги Глушков, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Бугарија, изнесе идеја за формирање ново кошаркарско натрпеварување. Глушков има идеја за нова регионална лига, во која би играле клубови од Бугарија, Македонија, Србија и грција. Идејата бепе Бугарите и Македонците да направат нова лига, но сега се приклучија и Грција и Србија. Претседателот на КСБ Глушков […]

ФБИ распоредува единици низ САД поради протестите


Федералното истражно биро на САД (ФБИ) отвори оддели низ САД со цел побрзо да се реагира на протестите поради за убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, јави Си-Ен-Ен. Американската ТВ мрежа информира дека официјален претставник на Министерството за правда изјавил дека главниот обвинител (министер за правда) Вилијам Бар му наредил на специјален тим на ФБИ […]

По три месеци Шпанија без жртви од Ковид-19


  Во Шпанија денеска за прв пат од март не е забележан ни еден смртен случај од Ковид-19. Директорот на Центарот за координација на здравствените служби Фернандо Симон денеска рече дека во последните 24 часа забалежани се 71 нов случај од корона вирус, а дека смртни случаи немало. Според него тоа е многу охрабрувачки. Првите […]

Почина славниот уметник Кристо, кој ги обвиткуваше зградите и мостовите


САД– Славниот американски уметник со бугарско потекло, Кристо (Владимиров Јавашеф), славен по своите привремени инсталации засновани на завиткување на екстериерите на зградите, мостовите и просторите на отворено, почина на 84-годишна возраст во неговиот дом во Њујорк. Kристо избегал од комунистичка Бугарија во 1957 година, прво во Прага, а потоа во Виена и Женева. Една година […]

Убави вести од Италија: Најмалку заразени од 26 февруари наваму


  Во Италија денеска регистрирани се само само 178 новозаразени, а пад е забележан во сите региони вклучително и Ломбардија, најтешко погодениот регион. Исклучок е само Лигурија, каде бројот на нови случаи е во пораст. Имено, според последните податоци таму се регистрирани 56 случаи, додека во Ломбардија има 50 нови случаи на Ковид-19. Сепак, 178 […]

Ливерпул на колена во спомен на Џорџ Флојд


Фудбалерите на Ливерпул го испочитуваа споменот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради полициска бруталност. Голем број на играчи на тимот ја објавија истата фотографија на Твитер. На неа, тие се клекната во центарот на полето „Енфилд“, а придружниот коментар на секој од нив е: „#BlackLivesMatter“.

Се тешиме и бодриме еден со друг: Интервју со поп-ѕвездата Тамара Тодевска


  Лејла Сабит Ќе има време и за нови песни, и за нови дружби, и за нови концерти. Здравјето во овој момент е најважно. Што се однесува до комуникација со публиката, живееме во дигитален свет, а тој ни овозможува полесна комуникација со сите. Јас сум во константна комуникација со моите фанови преку друштвените мрежи, вели […]

Д-р Жан Митрев: Мора да бидеме Швеѓани


Мора да сфатиме дека мора да бидеме Швеѓани – рече половина на шега д-р Жан Митрев гостувајќи во „Само вистина“ за да опише дека корона вирусот мора да не натера да ги смениме навиките. Тој вели дека ќе мора да се откажеме од секојдневни навики, такви според кои сме живееле стотици, илјадници години, со цел […]

„Анонимус“ повторно активни, сакаат да ги разоткријат злосторствата на полицијата


Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд ја поттикна хакерската група „Анонимус“ повторно да се активира и вети дека ќе открие бројни злосторства извршени од полицијата во Минеаполис. Групата, која е позната по таргетирање и кибер напади, се смири во последните години, но по последните настани во САД и масовните протести, одлучи да „излезе од сенка“, јави […]

Клуге: Втор и посмртоносен бран на Ковид-19 можен наесен


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге предупреди дека може да се случи втор, посмртоносен бран на Ковид-19 оваа есен, пренесе британски Сан. Тој посочи дека иако бројот на заболени од вирусот се намалува, тоа не значи дека пандемијата е завршена и истакна дека земјите треба да се подготват за вториот бран со […]

Нема карантин ако македонски државјани одат во Бугарија


Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице […]

Градоначалникот на Бутел во самоизолација


Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19. – После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно […]

Затворени пет конфекции во Штип, не сакаат карантин во градот


  Пет конфекции од каде потекнуваат најголем број од заразените со Ковид-19 се затворени, а вработените треба да останат во самоизолација одлучи денеска Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав. На состанокот присуствувале претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ТППЕ Штип, Дирекција за заштита и […]