Лутиот Трамп побара тврд одговор од гувернерите на протестите


Напнато е и околу Белата куќа

Доналд Трамп ги повика американските гувернери и службениците за спроведување на законот да преземат посилен пристап во одговорот на протестите предизвикани од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд. Викендов се случија најраспространетите граѓански немири во САД од атентатот врз Мартин Лутер Кинг во 1968 година.

Во групниот повик во понеделникот наутро од кој „Гардијан“ доби снимка, претседателот, придружуван од јавниот обвинител Бил Бар, секретарот за одбрана Марк Еспер и други официјални лица, повеќе пати ги повикуваше учесниците да дејствуваат посилно.

„Ако не доминирате во вашиот град и вашата држава, тие ќе си играат со вас“, рече Трамп. „Во Вашингтон ќе направиме нешто што луѓето претходно не го виделе“.

Повикот се појави во услови на тревога низ САД, бидејќи некои протести преминаа во немири и грабежи. Во многу држави, гувернерите ги активираа единиците на Националната гарда.

Како и да е, претседателот повеќепати ги предупредуваше гувернерите да не бидат „надвладеани “ и тврдеше дека доколку не доминираат во демонстрантите, „трошите време, тие ќе ве прегазат, ќе изгледате како куп будали“.

Трамп повеќе пати ги осуди Њујорк, Филаделфија и Лос Анџелес, градови со демократски градоначалници, во држави со демократски гувернери.

„Њујорк ќе мора да се засили“, рече Трамп. „И ние ќе ви испратиме Национална гарда ако сакате. Она што се случува во Њујорк е страшно, страшно е.

„Филаделфија, мора да се затегнеш… имаш таму голема Национална гарда што е подготвена да излезе и да се бори како пекол“.

Но, Трамп исто така постојано го пофалуваше гувернерот на Минесота, Тим Волц, демократ, за кого рече ги „исфрли [демонстрантите] толку брзо, како тие да беа кегли“. Тој исто така рече дека Фил Марфи, друг демократ, „направил многу добра работа во Њу Џерси“.

Претседателот ја опиша Минесота како „наш експеримент“ како да се справиме со протестите.

Трамп неколку пати рече дека демонстрантите се од „радикалната левица“ и биле поврзани со движењето „Окупирај го Волстрит“ во 2011 година, зборувајќи поволно за тоа како тие протести беа насилно ставени под контрола.

Одговорот беше мешан. Гувернерот на Мејн, Џенет Милс, побара Трамп и неговиот тим да споделат разузнавачки информации за „професионалните поттикнувачи“ од надвор од државата, но исто така изрази загриженост за претстојната посета на Трамп.

Гувернерот на Илиноис, ЈБ Прицкер, изјави дека е „исклучително загрижен“ од реториката на Трамп околу смртта на Флојд, за која рече дека „ги влошува работите“.

Трамп возврати дека не му се допаѓа ниту „реториката“ на демократот и рече дека тој постојано го објавувал неговиот хорор за смртта на Флојд, вклучително и кога присуствуваше на лансирањето на „Спејсикс“ во Флорида во текот на викендот.

Други го поддржаа Трамп. Гувернерот на Аризона, Даг Дуси рече дека „поагресивниот пристап функционира“. Гувернерот на Мериленд, Лери Хоган рече „Се согласувам за мирот преку силата“.

Низ целата земја, протестите во текот на денот беа претежно мирни, но некои се претворија во насилство во текот на ноќта, згради беа запалени, ограбувани продавници, полицијата пукаше со гумени куршуми и солзавец. Уапсени се најмалку 4.400 лица, пренесува Асошиејтед прес.

Еден човек беше убиен во Луивил, Кентаки. Во Индијанаполис беа пријавени двајца  мртви, а има смртни случаи во Детроит и Минеаполис.

Трамп се соочува со широки критики за твитовите кои бараат „закон и ред“ и обвинувањата дека левичарски групи ги поттикнуваат насилствата – што го стори за време на неговиот повик во понеделникот.

Џо Бајден го посети местото на протестите во Вилмингтон, Делавер, разговараше со демонстрантите и изрази сочувство за оние што очајуваат за убиството на Флојд. Во понеделникот, тој се состана со водачите во претежно афроамериканска црква.

Претходникот на Трамп, Барак Обама им понуди совети на демонстрантите.

„Ако, напредуваме, можеме да го канализираме нашиот оправдан гнев во мирно, одржливо и ефикасно дејствување, тогаш овој момент може да биде вистински пресврт во долгото патување на нашата нација да живееме до нашите највисоки идеали“, напиша тој во пост на „Медиум“. (Гардијан)